Фармацевти
Контакт

<< Назад

Што е гастроскопија? Симптоми, подготовка на пациенти и изведба на методата

декември 31, 2023



Пишува: Прим. Д-р Лилјана Милошевска - специјалист по интерна медицина и супспецијалист по гастроентерохепатологија во НЕУРОМЕДИКА

Гастроскопијата е често изведувана процедура со која се овозможува директна визуализација на внатрешноста на гастроинтестиналниот тракт (хранопровод, желудник и дванаесетпрсно црево). Гастроскопијата се изведува со помош на гастроскоп, кој е флексибилен, свитлив инструмент. Денешните гастроскопи ги пренесуваат сликите електронски, а постарите типови ги пренесуваат сликите со помош на фибер-оптички систем.
Гастроскопијата е иницијална процедура за потврдување рефлуксен езофагит (рефлуксна болест), потврда на чир на желудникот и на дуоденумот, но и за откривање карцином на желудникот и хранопроводот. Гастроскопот е во форма на цвка, со должина од 100-ина см, а со дијаметар
од 9 мм.

Во внатрешноста на гастроско- пот се наоѓаат оптичкиот систем и работниот канал преку кој по потреба се зема биопсија или се запира крвавење во хранопро- водот или желудникот. На врвот има камера и светло, со што се овозможува директна возуали- зација на слузницата на храно- проводот, желудникот и на дванаесетпрсното црево.

КОИ СЕ ИНДИКАЦИИТЕ ЗА ГАСТРОСКОПИЈА?
Состојби што може да се потвр- дат или исклучат со гастроско- пија се: езофагитис (воспаление на хранопроводот). Се гледаат делови на слузницата од храно- проводот со црвенило, ранички и слично, чир на желидникот или дванаесетпрсното црево, улкусот изгледа како мал дефект на слузницата, дуоденитис и гастритис (воспаление на дуоденумот и на стомакот), рак на желудникот и на хранопроводот и разни други ретки состојби што траат подолго време. Треба да се консултира лекар и да се направи гастроскопија за да се исклучат потешки заболувања, а потоа да се премине кон терапија.

Предвреме дадената терапија може да прикрие многу тешки болести, на пример, рак на желудникот, па да биде доцна за третман. Инаку, може со успех да се третираат ако се откриени навреме.

Доколку, пак, има црна столица или Melaena, повраќање крв, тоа е индикација за ургентна гастроскопија.
КОНТРАИНДИКАЦИИ:
• Акутен инфаркт на срцето;
• Хипоксемија (намалување на концентрацијата на кислородот во крвта);
• Низок крвен притисок и шок;
• Масивно крвавење од горниот дигестивен тракт, при што ова испитување само го одзема драгоценото време;
• Неконтролирана хипертензија;
• Немање соработка од страна на пациентот.

ПОДГОТОВКА НА ПАЦИЕНТИТЕ:
На пациентите им се објасну- ваат текот на испитувањето, можните ризици и комплика- циите. Осум часа пред испи- тувањето не смее да јаде. Лековите што ги зема пациентот редовно може да ги испие со малку вода. Само лековите што го спречуваат приказот на површината на дигестивните органи, како што се антацидите, треба да се прекинат пред испи- тувањето. Ако се планира во те- кот на испитувањето да се нап- рави биопсија, треба да се пре- кине земањето аналгетици и нестероидни и антиинфламатор- ни лекови барем 5 дена претходно.

ШТО СЕ СЛУЧУВА ЗА ВРЕМЕ НА ГАСТРОСКОПИЈАТА?
Гастроскопијата е рутински тест, кој често се изведува и обично се прави амбулантно, без потре- ба за некои посебни подготовки или хоспитализација. Може да се даде локален анестетик во задниот дел на грлото да се намали рефлексот за гадење и/или да се даде благ седатив за да се релаксира, не да се успие пациентот (не е општа анестезија), најчесто во вид на интрамускулна или интравенска инјекција пред процедурата. Потоа во устата се става еден пластичен додаток во вид на цуцла низ која ќе се протне гастроскоп и служи за заштита на забите и спречува да дојде до оштетување на гастроскопот во случај на рефлексно прегризување.

КОМПЛИКАЦИИ:
Гастроскопијата и покрај тоа што е непријатна за пациен- тите, сепак, е многу безбедна. Компликации најчесто се јавуваат при интервентни процедури, како дилатација (проширување) на структури (стеснувања) на хранопрово- дот, отстранување полипи и слично.

Најчести компликации се: перфорација (пробивање, продупчување) на ѕидот на хранопроводот, желудникот или доденумот, инфекција на вратот, градите или стомачната празнина по перфорација на некој од органите за варење, крвавење - доколку се оштетат крвните садови, но најчесто по отстранување полипи, белодробни инфекции како резултат на повраќање или аспирација (вдишување) за време на процедура.Се преземаат сите мерки за да се минимизира ризикот од компликации. Постојат начини за рано откривање и следење на појавата на овие компликации. Многу ретко може да се јави потреба од хоспитализација, хируршка операција, хранење преку инфузија или трансфузија на крв. Иако може да дојде и до смртен исход од компликации при дилатација на езофагусот (проширување на хранопровод), сепак тоа е екстремно ретко.
БИОПСИЈА ПРИ ГАСТРОСКОПИЈА:
Доколку при гастроскопија се види сомнителна промена на слузницата на желудникот, може да се земе парче од таа промена (биопсија) и да се испрати на патохистолошки преглед. Доколку е земена биопсија, резултатите треба да се поче- каат. Ако пациентот примил седатив пред интер- венцијата, се препорачува да не вози автомобил и да има придружба до дома. Повеќето гастроско- пии поминуваат без никаков проблем.

Некои несакани ефекти што се јавуваат многу рет- ко се инфаркт и перфорација на органите - <0,1 %.

ДАЛИ ГАСТРОСКОПИЈАТА Е СИГУРЕН МЕТОД?
Гастроскопијата претставува златен стандард за откривање абнормалности во горниот дел на гастроинтестиналниот систем и не постои подобар метод што би ја заменила.

Многу е посигурна и поверодостојна од постарите методи, како рендген со контраст, особено по откривањето на промените во раните почетни стадиуми. Понекогаш, кога не поминуваат симптомите, се повторуваат или се зголемуваат и покрај терапијата, се препорачува повторување на гастроскопијата.

За детално читање на овој текст, погледнете на 08-09 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јануари 2024).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>