Фармацевти
Контакт

<< Назад

Акутен бронхитис

март 1, 2024



Пишува: Д-р Владимир Зелениковски - Д-р по општа медицина

Акутен бронхитис (Bronchitis acuta) претставува краткотрајно (акутно) воспаление на слузницата на бронхиалното стебло. Најчесто се јавува во есен и зима т.е во студена и влажна сезона. Се развива во три етапи: - на почетокот како ринофарингитис, што значи кивавица и ангина, во траење од еден до три дена; - потоа сув бронхитис со кашлица, оскудна слузава плунка и покачена температура до 38 степени; - и најпосле како катарален бронхитис со кашлица и течна обилна плунка. Акутниот бронхитис може да се јави како самостојна болест или во склоп на друго заболување, на пример мали сипаници. Кај возрасните поминува лесно за неколку денови, а кај децата може да се комплицира со бронхопнеуномија.

Етиологија и патогенеза

Најчеста примена за настанување на акутниот бронхитис е вирусна инфекција при настинка особено во зимскиот период. Друга причина се бактерии како: хемофилус инфлуенце, стрептококи и др. коишто најчесто од горните дишни патишта се спуштаат према долу.

Поретка причина може да биде алергиска реакција, габични инфекции и физички фактори. Основни промени во бронхиите се едем, зголемена секреција, а понекогаш и бронхоспазам.

Клиничка слика
Кашлицата е основен знак и секогаш е присутна при акутен бронхитис. Во почетокот е сува и непродуктивна, а подоцна станува продуктивна, со искашлување на мукоидна, мукопурулентна содржина. Кашлицата понекогаш е пратена со препотување.
Болниот може да чувствува лесна омалаксаност, субфебрилност, секреција од носот. Кашлицата понекогаш може да се јави во пароксизми – напади предизвикани со вдишување на ладен воздух, пушење, физички напор, зборување или смеење. Ако има гушење и свирење во градите значи има присуство на бронхоспазам.

Тек на болест
Трае 5- 7 дена, но кашлицата и искашлувањето можат да траат 3- 4 недели.

Лекување
Лекувањето е етиолошко и симптоматско. Кај повеќето болни тоа е симптоматско и се состои од одмор во постела, примање на течности (2- 4 литри дневно, во облик на чаеви, сокови, лимонада), витамини.

Кај упорна сува кашлица може да се даде и антитусик и се забранува пушењето. Кога има зголемена слузаво- гнојна секреција болеста се третира и етиолошки со антибиотици со широк спектар.

За детално читање на овој текст, погледнете на 24-25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Март 2024).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>