Фармацевти
Контакт

<< Назад

АКУТНИ РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ ВО ДЕТСКА ВОЗРАСТ

мај 2, 2025

Секоја сезона есен-зима актуелна тема се акутни респираторни инфекции (АРИ) кај децата, пред се што се и најчест тип на инфекции кај детска возраст, од доеначка, предучилишно и училишно дете. Кај училишни деца е најчеста причина за одсуство од настава, како и најчеста причина за посета кај матичен педијатар и други ординации.

Кога станува збор за АРИ како најчест причинител се респираторни вируси, а помалку се атипични микроорганизми и бактерии. Вирусите доминираат со 90% застапеност останатите се 5-10%. Постојат повеќе од 200 респираторни вируси, најчесто изолирани се хуман риновирус, респираторно синцицијален вирус, вирус на инфлуенца А и Б, параинфлуенца тип 1.2.3.4, аденовирус, корона вирус, коксаки и поретко метапнеумовирус...

Зошто децата се почест таргет на АРИ
Анатомско-функционални особини на респираторен систем кај децата (помал дијаметар на дишни патишта, а зголемена мукусна секреција)
Престој во колективи- голема група на деца во затворен простор, одсуство на навики и знаење за одржување на лична хигиена
Брза трансмисија по капков пат преку секрет од нос, кашлање, кивање, близок контакт на здраво и болно дете, како и од предмети од непосредна близина
Важна е и возраста на децата, колку се помали толку имаат почесто АРИ, бидејки имаат незрел имун систем кој се развива во првите три години, начин на живот и исхрана на детето, како и вирулентноста на вирусот.
Честота кај деца 1-5 год се од 8-9 инфекции, а оние кои посетуваат предучилишна установа имаат и повеќе...деца 6-12 год – 5-8 инфекции
Зголемен ризик за почести инфекции допринесува пасивна изложеност на чад од цигари и аерозагадување.

СИМПТОМИ
Течење на нос, солзни и црвени очи (лик на плачна маска) болка во грло, кивање, кашлица – која на почетокот е сува надразителна , а потоа преминува во влажна, покачена температура, малаксаност, болки во зглобови и мускули, главоболка, намален апетит, осип на кожа.

Клиничка манифестација
Горни дишни патишта – ринит,тонзилит, ринофарингит, синузит, воспаление на уво
Долни дишни патишта – бронхит, бронхиолит, пневмонија – кај децата само 5-10%. Кај училишни деца предизвикувачи на АРИ се атипични микроорганизми како Микоплазма пнеуминиа и Хламидија пнеумоние
Во однос на бактериски причинител кој е 5-10% при АРИ вообичаено се детектира Стрептококус пиогенес, мораксела, хемофилус инфлуенца...
Дијагностика – крвна слика со диференцијална, ЦРП, брис нос и грло со антибиограм, молекуларна дијагностика за вируси, бактерии и атипични микроорганизми.

Третман
Клиничката слика најчесто е лесна, терапијата е симптоматска со доволен внес на течност, ОРС, физиолошки раствор во форма на спреј или инхалација,
антипиретик, аналгетици, одмор, мали а почести лесни оброци.
Клучна улога има употреба на деконгестив – во форма на спреј кој овозможува проодност на носна средина и намалување на секрет.
Безбеден за употреба и “спас” од прва линија е Olynth, со генерика ксилометазолин за возраст на деца од 6 до 12 години од 0.5 мг/мл и за поголеми деца и возрасни од 1мг/мл, во форма на спреј за нос или капки за нос. Се препорачува употреба до 3 пати во денот по претходна промивка со солен раствор, време на користење 7 дена.

Пишува
Педијатар Д-р. Сци. Субспец,
- Татјана Баевска Вучковиќ - Пулмоалерголог

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>