Фармацевти
Контакт

<< Назад

АЛЕРГИИ: Секогаш актуелна тема

септември 1, 2023



Пишува: Габриела Качакоска - Нанеска - Дипломиран фармацевт - ПЗУ аптека Биолек 3 Прилеп

Алергија претставува изменета преосетлива реакција на човечкиот имунолошки систем кон материи од надворешната средина, кои во основа сами по себе не се штетни и се безопасни за човекот.

Антигени можат да бидат сите материи кои се непознати за човечкиот организам. Алергените се видови антигени кои иако не се опасни човечкиот имунолошки систем погрешно ги препознава како штетни и почнува да се бори против нив, да произведува антитела. Алерген може да биде која било супстанција која предизвикува алергиска реакција.
Важно е дека алергијата сама по себе не претставува болест, но нејзините механизми водат кон различни болести. Алергијата често почнува по третиот месец од животот, а може да не се појави во текот на целиот живот.

Сепак, најчесто алергиските реакции се јавуваат спонтано во одреден дел од животниот век. Алергиите може да бидат наследни (ектопични), кај лица со вродена склоност кон алергии, и стекнати кои кај поедини лица може да се појават во текот на животот по долготраен контакт со секојдневните или нови видови антигени(алергени).

Видови алергени:
- контактни:
хемикалии, козметика, накит..
- нутритивни: ореви,кикиритки, чоколада, млеко, конзерванси, адитиви...
- респираторни(оние кои ги вдишуваме): прав, полен, грини, треви, троскот...
Денес алергиските реакции имаат големо влијание на квалитетот на животот на околу една милијарда луѓе, а се предвидува дека до 2050 година приближно четири милијарди луѓе ќе бидат погодени со симптоми на алергија.

Сè уште не постои начин да се спречи развојот на алергија кај луѓето родени со генетска предиспозиција. Алергиските реакции се јавуваат само кога алергенот ќе дојде во контакт со човечкиот организам, па најдобар начин алергиските реакции успешно да се контролираат е да се избегнува контактот. Ако симптомите се веќе појавени, треба да се земаат лекови или ОТЦ-препарати кои ќе ги контролираат алергиските симптоми.

За детално читање на овој текст, погледнете на 24-25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Септември 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>