Фармацевти
Контакт

<< Назад

Алергиска реакција при убод од инсект

септември 1, 2022

Во потоплите периоди во текот на годината алергијата од убод на инсекти е една од најчестите. Повеќето инсекти не се опасни и вообичаено нивниот убод предизвикува локална реакција, иритација и чешање, но убодите од инсекти во некои случаи може да предизвикаат системски алергиски реакции, дури и опасни за животот.
Осите, пчелите и стршлените се најчести причинители на повеќето речиси фатални реакции кај човекот. Составот на нивниот отров е екстремно комплексен и содржи истовремено фармаколошки активни и антигени супстанции.
Со проблемот на реакции на убод од овие инсекти се среќаваме поретко, но за луѓето со алергија на отровот од инсектите (алерген) убодите може да бидат загрозувачки за животот.

Особено се опасни повеќекратни убоди во пределот на јазикот и главата. При убод од пчела, на пример, по неколку минути, може да се јави и задушување, вртоглавица, а потоа и губење на свеста. Ваквата реакција се нарекува анафилакса.
При видливи симптоми, како оток на лицето или устата, отежнато дишење, брз ритам на срцето, вртоглавица или чувство на слабост, вознемиреност, веднаш треба да се посети лекар.
Најтешките реакции на убоди од инсекти се анафилактичен шок за кој докторите што работат во примарното здравство треба да се подготвени за ургентна интервенција со соодветен ампуларен третман (ампули за интравенска употреба: антихистаминици, кортикостероид и адреналин).

Хиперсензитивноста се проверува лабораториски со:
1. зголемен иммуноглобулин Е на пчелин отров;
2. интрадермално тестирање со пчелин отров.

Терапија: антифлогистички средства (камилица, борови облоги, течна пудра, кортикостероидни кремови за поизразени промени).
При силен јадеж препорачани се антихистаминици во облик на таблети. Кај генерализирани промени и локален оток препорачани се кортикостероиди во облик на таблети и антихистаминици во облик на таблети.

Превенција: „аутан“ (крем, спреј), заштитна облека за луѓе што професионално се занимаваат со пчеларство, заштитна мрежа на прозорците, да се избегнуваат силни мириси и парфеми, како и јадење слатко овошје и сладолед на отворено и сл.

За детално читање на овој текст, погледнете на 7 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Септември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>