|
д-р Наташа Теовска Митевска
спец. дерматовенеролог
Приватна општа болница „Ремедика“, Скопје
Густата и здрава коса секогаш се сметала за знак за здраво тело и целосна благосостојба, а уште повеќе се цени денес. Губењето на косата создава голема загриженост и кај мажите и кај жените. Може да предизвика голема вознемиреност и нарушување на самодовербата.
Тоталното или речиси тотално губење коса или влакна на едно или повеќе добро ограничени подрачја се вика алопеција. Најчесто е локализирана на главата, но може да бидат зафатени и други делови од телото каде што има влакна.
Причините се различни, па затоа и терапијата и прогнозата се непредвидливи.
Постојат два типа алопеција, едната е ограничена без појава на цикатрикс или лузна на местото на кожата каде што отпаднале влакната, нормална е и фоликулите се зачувани, при што нормално растат влакна. Другата форма е ограничена форма на алопеција или опаѓање при која косата е атрофична, т.е. не постои можност за растење на влакна.
Секој човек дневно губи околу 100 влакна и тоа се смета за нормално.
Алопеција е честа појава и ниту жените, ниту мажите не се имуни на неа.
Циклусите на раст на косата се состојат од долга фаза на раст, кратка минлива или преодна фаза и кратка фаза на мирување во која влакното е мртво и подготвено запаѓање.
Алопеција ареата е состојба кога се појавува една или повеќе на број остри ограничени промени без коса кои често поминуваат спонтано. Причината за појавата на вакви промени е неразјаснета, но одредени фактори како психички стрес може да ја поттикнат појавата на вакви промени.
За да се откријат причините за алопеција, треба да се испитаат и симптомите и начините на губење на косата. Испитувањето треба да го открие почетокот и времетраењето на опаѓање на косата, дали е намалено и дали алопецијата е генерализирана или се јавува само на некои делови од главата. Покрај тоа, треба да се забележат сите симптоми кои можат да бидат присутни, како што се чешање, црвенило и првут. Појавата на алопеција може да биде предизвикана и од начинот на кој се третира косата, коса која е долго врзувана или влечена може да се проретчи на одредени места. Следниве фактори може да предизвикуваат појава на алопеција: одредени лекови, онколошка терапија (зрачење и цитостатски лекови), неодамнешна операција, хронична болка, хипотирбоидизам, исхрана сиромашна со протеини, опсесивно-компулсивно однесување, проблеми со хормоните, ендокрини и кожни заболувања.
Вашиот лекар ќе ви направи преглед на кожата на целото тело за да го процени опаѓањето на влакната и дали се појавува и на друго место.
Третман на алопеција
Ако се утврди дека некои од причините се поврзани со опаѓање на косата, прво ќе се обиде да го реши проблемот со одредени лекови и терапија.
Во случај на непозната причина и позитивен тест за алопеција, се аплицираат одредени лекови на скалпот. Со овие лекови, само 30-40 % од пациентите доживуваат поврат на косата. Повлекувањето на косата може да трае до една година.
Третманот што ни е на располагање е симптоматски и овозможува воведување на болеста во ремисија, може да се појави спонтано во сите форми на болеста. Во ограничени форми на алопеција ареата, обично се јавува спонтан раст на косата, додека во потешките форми ова ретко се случува.
Опаѓањето на косата како широко распостранет здравствен проблем не смее да остане нетретиран. За таа цел на нашиот пазар ја имаме колекцијата Revalid®, која минатата година ја прошири својата линија во делот на превенција на опаѓање и стимулирање на раст на нова коса.
Таа можност оваа линија ја поседува благодарение на патентиранта активна компонента Redensyl®.
Redensyl® дејствува на матичните клетки (ORSc) и на самата дерма папила и го стимулира растот на косата.
Компоненти на патентираната молекула Redensyl®се:
Redensyl® – EGCG2,гликозид кој претставува моќен антиоксидант од растително потекло со антиинфламаторно дејство и дејство на врзување на слободните радикали.
Redensyl® – DHQG, стабилизиран полифенол глукозид од растително потекло со ефект врз активирање на делбата на матичните клетки (ORSc) и го намалува изумирањето на клетките, ја одржува функцијата на матичните клетки одговорни за раст и го зголемува метаболизмот на дермалниот фибробласт.
Redensyl – Цинк, одговорен за зголемена цврстина на влакното, при дефицит на цинк влакното побрзо опаѓа.
Redensyl ®– глицин, аминокиселина за која е познато дека е одговорна за стимулирање на растот на косата.
Постојат 4 причини зошто го препорачуваме Redensyl®.
Благодарение на овој иновативен производ за само 84 дена
- кај 85 % од учесниците било забележано значително подобрување;
- видлива била зголемена капиларна густина;
- била зголемена густина на косата за 8 %, што одговара на 28 000 нови влакна по 3-месечна секојдневна употреба;
- добиени се подобри резултати од оние добиени со трансплантација на коса.
Мисијата на оваа швајцарска иновативна медицинска козметика е да обезбеди холистички пристап против опаѓање на косата и стимулирање на растот на косата.
Постојат студии каде од самите пациенти јасно е кажано дека и покрај подобрувањето во растот на косата, самоволно сакаат да го продолжат третманот со Redensyl®.
За детално читање на овој текст, погледнете на 24 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АПРИЛ 2020).