Фармацевти
Контакт

<< Назад

АНЕМИЈА

август 3, 2022



Габриела Качакоска-Нанеска
Дипломиран фармацевт - ПЗУ аптека Биолек 3 Прилеп

Анемијата е состојба на човечкиот организам каде постои пореметување на физиолошката функција на крвта. Анемијата настанува кога доаѓа до значителен пад на бројот на црвените крвни елементи, ери- троцити или намалување на хемоглобинот, протеин кој го носи кислородот до ткивните клетки. Хемоглобинот го носи кислородот до ткивата со помош на јонот на двовалентното железо.

Иако анемијата е присутна кај 10% од човечката популација, појавата на анемија може да биде последи- ца од некоја болест или пак причина за појава на болест.

Симптоми на анемијата се ментална и физичка слабост (малаксаност), поспаност, вртоглавица, бледило, тахикардија (забрзана работа на срцето), намален или губиток на апетит. Постојат различни видови на анемија, предизвикани поради различни причинители. Некои се безопасни и лесно и успешно се третираат, но некои анемии може да претставуваат сериозна опасност и болест за човечкиот организам.

Иако постојат повеќе видови анемии може да се поделат на неколку основни групи:
анемија предизвикана од губиток на еритроцити (акутни и хронични крварења...)
- анемија како последица на недоволна синтеза на црвени крвни клетки - еритроцити и хемоглобин (недостаток на витамин Б12, Б9 и Ц)
- анемија предизвикана од хемолиза (распаѓање на еритроцитите)
- анемија предизвикана од генетски и надворешни фактори

За откривање на анемијата покрај симптомите, потребно е да се направи комплетна крвна слика.

Лекување на анемија
Анемија при која не се појавуваат сериозни симптоми и компликации иако изгледа безопасно може да биде показател на сериозно заболување во организмот, затоа треба сериозно да биде сфатена.

Лекувањето треба да биде со препарати кои содржат железо и витамини Б12, Б9, Ц. Исто така треба да се воведат промени и во исхраната. Лекувањето на анемијата не трае пократко од 3-6 месеци. При тоа треба да се прави редовна контрола на крвната слика.

За детално читање на овој текст, погледнете на 24 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Август 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>