Фармацевти
Контакт

<< Назад

Аронија – витаминска бомба за силен имунитет

септември 2, 2020

Доколку ни е потребен итен засилувач на имунитетот, а не можеме да се одлучиме меѓу напливот  од додатоци на исхраната  кои секојдневно се појавуваат на нашиот пазар, вистинско време е за аронија, природен засилувач на нашиот имунитет и антиоксидант број еден, кој доколку го внесеме во нашата исхрана ќе помогне во многу предизвици на кои е изложено нашето здравје.



Аронијата претставува грмушка од фамилијата Rosaceae која расте до 2 метра во висина. Цвета во пролет со бели цветчиња, а плодовите зреат од почетокот до средината на август. Тоа се ситни мали бобинки со темно сина боја, слични на боровинката, но по своите лековити својства се двојно пред неа. Месото на плодот е со црвена боја, со слатко киселкаст вкус и е без семки. Високоотпорна е на ниски температури, дури и на оние до – 30 °C, па поради тоа се нарекува и сибирска боровница. Нема природни непријатели и во нејзиното одгледување не се користат пестициди и други вештачки средства.

Плодовите на аронијата се  на листата најлековити природни плодови. Тие се вистинска ризница на биолошки активни соединенија, кои ги има повеќе од 300. Содржат витамини: Ц, А, Е, Б1, Б2, Б6, Б9, бои, антоцијани, фолна киселина, минерали: цинк, железо, калциум, калиум, манган, фосфор и јод.

Аронијата помага  во прочистување на организмот од штетни материи и тешки метали кои секојдневно се внесуваат во телото и во нивно исфрлање од организмот.

Благодарение на силните антиоксидантни својства, присуството на големи количини танини и флавоноиди, дејствува против слободните радикали во организмот и на тој начин помага во спречување развој на хронични болести, како и стареење на клетките. Помага за  намалување на  покачениот холестерол и триглицериди.

Придобивките од аронијата се бројни, се препорачува при   појава на мигрена и главоболки, при висок  крвен  притисок, спречување развој на вирусни и бактериски инфекции на уринарниот тракт и ја подобрува работата на црниот дроб и жолчката. Плодовите на аронија содржат каротин корисен за нормална функција на  очите,  заштита  од УВ-зрачење,  против формирање  брчки и стрии на кожата. Се препорачува редовна употреба и кај дијабетичари и сите што страдаат од чир на желудник. Особено се препорачува кај постари лица, бидејќи помага во заштита од деменција и појава на Алцхајмерова болест.

Аронијата може да ја консумираат и потполно здрави луѓе, бидејќи го зајакнува имунолошкиот систем и има превентивен ефект. Најдобро е да се консумира како свежо овошје кое е една од 7 намирници што се сметаат за суперхрана, а може и сушена во чаеви, кекси, мусли, во јогурт и слично. Се користи и во разни готвени јадења, салати и десерти.

За читателите на BETTY магазин ќе споделиме 2 природни рецепта со аронија:

ЗА УРИНАРНИ ИНФЕКЦИИ СО АРОНИЈА

ЗА ИМУНИТЕТ

За детално читање на овој текст, погледнете на 8 стр. во електронското издание на BETTY магазин (СЕПТЕМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>