Гоце Илоски
Фармацевтски техничар - ПЗУ аптека Мента Фарм Прилеп
Артритис претставува група на медицински состојби кои влијаат врз зглобовите.Тие состојби предизвикуваат оштетувања на зглобовите што обично предизвикуваат болка и вкочанетост. Артритисот може да влијае врз различни делови на зглобот и на речиси секој дел врз телото.
Артритисот влијае на луѓето на различни начини, но најчести симптоми се:
o болки
o вкочанети зглобови (намалена подвижност)
o потечени зглобови
o црвенило и жештина внатре во зглобот
o општи симпотоми како што се умор, слабост
Постојат повеќе видови на артритис:
Остеоартритис - состојба која го зафаќа целиот зглоб вклучувајќи ја коската, р’скавицата, лигаментите и мускулите. Остеоартритисот може да вклучува воспаление на ткивото околу зглобот - киселина па се формираат кристали.
Ревматоиден артритис - автоимуна болест која предизвикува болки и отекување на зглобовите. Нормалната улога на имунолошкиот систем на вашето тело е да се бори против инфекции за да ве одржува здрави.
При автоимуна болест вашиот имунолошки систем почнува да ги напаѓа вашите здрави ткива. Имунолошкиот систем ја напаѓа обвивката на зглобовите предизвикувајќи воспаление, болка, отекување и оштетување на зглобовите. РА обично се јавува во малите зглобови како што се зглобовите на рацете и стапалата.
ГИХТ – честа и болна медицинска состојба што ги зафаќа зглобовите. Во и околу зглобот се формираат мали кристали кои предизвикуваат воспаление, болка и оток. Тие кристали се создаваат од еден од нормалните отпадни производи на телото – мочната киселина.
Нормално телото само се ослободува од вишокот на мочна киселина со помош на бубрезите преку мочката. Меѓутоа кај луѓето со ГИХТ тоа не се случува доволно брзо и тоа предизвикува зголемување на нивото на мочна киселина.
За мнозинсвото видови артритис нема лек меѓутоа има третмани со кои може ефикасно да се третираат симптомите и ефективно да се држат под контрола. Раното дијагностицирање и вистинското лекување може да ги ублажат симптомите па дури и да спречат оштетување на вашите зглобови. Поради тоа е важно да соработувате со вашиот здравствен тим за да се најде соодветен третман што Ви одговара.
За детално читање на овој текст, погледнете на 6 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Август 2022).