|
Ашваганда (Withania somnifera) е една од најпознатите ајурведски билки која припаѓа во категоријата подмладување на организмот. Користена во Индија пред 1000 години како тоник за подмладување на организмот, адаптогена билка и добар афродизијак.
Ашваганда (Withania somnifera) е грмушка со средна големина, која достигнува најмногу 1,70 м висина и дава мал црвен плод. Расте во топли климатски услови, а потеклото е од североисточниот дел на Индија. Оваа билка уште се нарекува зимска цреша или индиски женшен. Името буквално значи „мирис на коњ“ (ashwa – коњ, gandha – мирис), бидејќи тоа е билка која дава виталност и сила на коњ. Содржи многу активни состојки од кои главни се алкалоиди и стероидни лактони.
Содржи фитонутриенти кои го регулираат организмот кога е изложен на физички или психички стрес и му помага на телото да се приспособи. Одлично се користи и за намалување на стресот, здравјето на мозокот, хормоналното здравје, а од неодамна се користи и во додатоците за исхрана на спортисти за подобрување на спортските перформанси. Освен како адаптогена билка, ашваганда има и многу потврдени фармаколошки ефекти: анксиолитик (антидепресив), хипотензив (намалува крвен притисок) и седатив, поттикнува респираторна функција, опуштање на мускулите и ја стимулира работата на штитната жлезда.
- Добар афродизијак, го јакне сексуалниот потенцијал, ги балансира машките полови хормони, го поттикнува бројот и подвижноста на сперматозоидите и поволно дејствува во регулирање на проблемите со машката неплодност.
- Го подобрува здравјето на срцето, намалувајќи го холестеролот и триглицеридите.
- Поволно влијае кај егзема, лузни и псоријаза.
- Содржи алкалоиди кои се ефикасни кај нормализирање на работата на хормоните во организмот.
- Ја стимулира работата на мозокот и ја зголемува концентрацијата, како и подобрување на состојбата на одредени невродегенеративни заболувања (Алцхајмер, Паркинсонова болест).
- Успешно се бори со слободните радикали и го забавува процесот на стареење на организмот.
- Поседува антивоспалителни својства, поради што е ефикасна во лекување на артритис и други ревматски болести, намалува воспаление, отеченост и болка во зглобовите.
- Поддржува здрав имунолошки систем.
Ашваганда е билка којашто е потребна на сите како додаток во исхраната, бидејќи помага во контролирање на стресот, заморот, недостатокот на енергија и потешкотии во концентрација. Има целокупно дејствување кое не само што ги отстранува моменталните проблеми, туку доведува до трајни промени и подобрување на општата состојба на организмот.
За детално читање на овој текст, погледнете на 26 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУЛИ 2020).