Фармацевти
Контакт

<< Назад

Безбеден третман на уринарни инфекции во бременоста

мај 2, 2023



Пишува: Мр. Фарм. Мирјана
Ефтимова Мирковиќ

Во периодот на бременост поради специфичните ризици по здравјето на мајката и плодот генерално се избегнува лекарска терапија освен во случаи на хронични заболувања и во ситуации кога бенефитот од употребата на меди- каментот ги надминува ризиците.

Сепак одредени заболувања, во случајов уринарните инфекции, се доста фрекфентни во текот на бременоста и бараат соодветен терапевтски пристап. Во бременоста се јавува задржување на урина поради хормонално проширување на мочоводот и лошата подвижност како и притисокот на матката на мочоводот што резултира со покачени концентрации на бактерии (E.coli) урината.

Ова честопати се манифестира со чести нагони за мокрење, пратено со итност и ноктурија, болка и печење при мокрење, хематурија и болки или грчеви во долниот дел на стомакот веднаш над срамната коска и тогаш велиме дека станува збор за т.н. цистит.

Сепак во одредени случаи немаме симптоми а сепак има бактерии во урината, состојба наречена асимптоматската бактериурија при бременоста во која уринската култура открива значителен пораст на патогени, кој е поголем од 100 000 бактерии/мл, а се јавува кај дури 15% од бреме- ностите. Асимптоматската бактериурија треба да се превенира и соодветно да се третира поради опасност од развој на пиелонефритис, ризик од предвремено породување, пукање на плодните обвивки или ниска родилна тежина што резултира со повисоки стапки на смртност кај бебињата. Токму затоа се препорачува рутински скрининг за асимптоматска бактериурија на почетокот на бременоста.

Жените со бактериурија, потврдени со втора уринокултура, треба да се третираат и да се повтори тестот за уринокултура при секоја посета на гинеколог до породувањето.

Изборот на антимикробна заштита во бременоста треба да гарантира пред се безбедност за мајката и за фетусот. Покрај тоа се препорачува одмор и добра хидратација на организмот т.е. внес на 2-3 литри вода дневно за да се одмијат бактериите од уринарниот тракт. Важно е и да не го одложуваме мокрењето и да вршиме целосно измокрување со мускулна масажа. Доста корисни за превентива и куратива може да бидат и препарати со Д-маноза и пробиотици најмалку 7 дена бидејќи ја намалуваат концентрацијата на E. coli кој е најчест причинител на уринарни инфекции.

Д-маноза е едноставна молекула на шеќер што се среќава во растенија како што се боровинки, брусници, праски, портокали и јаболка, кој веќе 30 години се користи како природен препарат за отстранување на E. Coli од уринарниот тракт.

Може да се користи и до 6 месеци бидејќи Д-манозата е апсолутно безопасна и може да ја користат бремените жени, деца и дијабетичари.

Специфичните пробиотици (S.Boulardii) од друга страна ги неутрализираат негативните дејства на антибиотската терапија, го подигнуваат имунитетот и ги намалуваат концентрациите на E.Coli во цревата од каде најчесто настанува само инфекција во урогениталниот тракт.

За детално читање на овој текст, погледнете на 16-17 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Мај 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>