Фармацевти
Контакт

<< Назад

Безвременските “ГРДИ ЏЕМПЕРИ”

декември 1, 2019



|

Безвременските ‘грди џемпери’

Новогодишни колачиња, вештачки снег, па дури и божиќен чај. Сè во врска со новата година е во симболиката која потекнува од празничната атмосфера.

Иако има поделени мислења за џемперите со новогодишни мотиви, тие со години останаа симбол на овој период од годината. Секоја година познатите брендови ги претставуваат своите зимски колекции во кои има место и за ‘грдите џемпери’,  кои секогаш предизвикуваат насмевка на лицата. Со пристигнувањето на празниците, често среќаваме топли џемпери со снегулки, фигури на Дедо Мраз, лампиони, елки, елени, снешковци, ѕвончиња… Плетените џемпери во најчесто црвена, зелена, бела и сина боја се повторно ‘ин’ и оваа сезона.

Сè започна во 50-тите кога божиќните џемпери станаа тренд на годината. Првите џемпери имале дискретни новогодишни украси, додека во 80-тите скромното присуство стана мега популарно, со помош на тогашните ТВ серии. Во текот на 90-тите, трендот го задржа своето присуство, но беше во сенка од која се извлече со појавата на ликот Марк Дарси во сцена од филмот Дневникот на Бриџит Џонс во 2001 година.

Затоа, искомбинирајте неформален, спортски и автентично новогодишен изглед, со помош на некој од овие џемпери.Во новиот милениум, овие џемпери станаа дел од ‘аутфитот’ на многу познати ликови, политичари и ТВ ѕвезди. Модните куќи плетените џемпери ги додадоа во новите колекции, кои со тек на време станаа парче кое е присутно во сечиј плакар.

МОДЕРЕН BETTY СОВЕТ:

Никогаш не купувајте волнени џемпери коишто се лепат на телото. Волната при првото перење ќе се собере и самиот материјал може да предизвика непријатно чувство на телото. ‘Грдите џемпери’ се безвременско парче облека кое треба да стои комотно на Вас и препорачуваме тоа да биде барем една големина поголема од стандардната.

Во овој период од годината сите бараме облека што ќе нè затопли. Пред купување на ново парче облека, проверете го неговиот состав и доколку станува збор за мешавина на материјали, препорачуваме тоа да биде составено од најмалку 30% природен состав.

Доколку имате џемпер од чиста волна и предизвикува чувство на ‘боцкање’ или пак чешање, еве што можете да направите:

За детално читање на овој текст, погледнете на 22 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2019).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>