Фармацевти
Контакт

<< Назад

Бета-Глукан – Чувар на нашето здравје

декември 1, 2022



Магистер по Фармација
Виолета Терзиоска

Современиот начин на живот, изложеноста на стрес, брзата храна, недоволна физичка активност, недовол- но сон, се само некои од факторите кои доведуваат до ослабување на нашиот одбранбен систем. Сето ова придонело науката да почне да истражува нови алтернативни и природни терапии во подрачјето за засилување на одбранбената способност на организмот, затоа што добар имунитет е клуч за добро здравје.

Бета - глукан е еден од најистражуваните имуномодулатури на светот. Изолиран е во 1968г., а во 2008г. ФДА (Американската агенција за лекови и храна) му дава статус ГРАС - што значи - сигурен за употреба.

Што претставува Бета - глукан?
Бета - глукан е полисахарид чија структура ја сочинуваат молекули на Д-глукоза, поврзани со бета-1,3 гликозидни врски кои понатаму се разгрануваат со ланци од Д-глукоза, поврзани со бета-1,4 и бета-1,6 гликозидни врски.

Колку молекулата е посложена, се смета дека бета - глуканот е поефикасен.

Со еден збор-бета-глукан е имуномодулатор кој го потикнува имунолошкиот систем за поефикасно да го одбрани организмот од бактерии, вируси и габи.

Извори на бета-глукан
Во храната го има во намирници како што се јачмен,овес, во некои печурки (Shiitake, Reishi, Maitake и во клеточниот ѕид на квасец (Saccharomyces cerevisiae).
Бета-глукан 1,3/1,6 добиен од клеточниот ѕид на квасец, со бројни истражувања е докажано дека има најсилно имуномодулаторно дејство.

Како делува?
- поттикнува создавање на леукоцити и тромбоцити во коскената срж како прва линија на одбранбениот систем
- ги активира макрофагите и клетките убијци кои се одговорни за чистење на организмот од отпадни материи и клетки кои учествуваат во борба против разни патогени.

Докажано е синергистичко имуномодулаторно дејство со витамин Ц, цинк, пробиотици, селен. (дава уште подобар имун одговор)

За што се користи?
Бројни студии покажуваат дека освен за заштита на организмот од вирусни и бактериски инфекции, настинки и инфекции на горни дишни патишта, бета-глукан има и значително влијание врз ЛДЛ холестерол (лошиот холестерол).

Со оглед на тоа дека е природен имуномодулатор, неретко се користи кај пациенти со ХПВ вирус, а истражувањата покажуваат делотворност кај цервикални заболувања поврзани со ХПВ. Освен ова, бета-глукан може да помогне при состојби како што се: алергии, синдром на иритирани црева, улцерозен колит, фибромијалгии, артритис, дијабет, постоперативно за побрзо опоравување на имуниот систем, а се користи и кај пациенти кои што се на инвазивна хемотерапија.

Дозирање
Минимални дневни препорачани дози од кои се очекува ефикасност во превентивни цели се 500мг за возрасни и треба да се зема во период од три месеци,по што се препорачува пауза од 30дена.

Кога се користи како поткрепа при лекување и кај акутни состојби возрасни може да земаат од 500-3000мг на ден.
Кај пациенти заболени од карцином, минимална дневна доза е 1500мг.

Се зема половина час пред оброк поради подобра ресорпција. Бета-глукан е безбеден, без несакани дејства, не влегува во интеракции со лекови и природни препарати, значи природно и безбедно го активира нашиот имунитет.

За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Декември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>