Фармацевти
Контакт

<< Назад

Бременост и употреба на витамини и минерали

јуни 1, 2021

Др. Абдијер Билали-Веапи
спец.гинеколог-акушер
Гинеколошка Ординација “Хера“, Гостивар

|



Примарна  здравствена заштита на бремената жена обезбедува лекар акушер-гинеколог од примарниот сектор, кој е способен да дава пренатална нега. Пренаталната нега има главен цел да се одржи општото здравје и благосостојбата на трудницата, на плодот/новороденчето, како и на целата семејство.

Во последните три децени, во светот па и кај нас, во рамките на пренаталната здравствена нега е постигнат  значителен технолошки напредок, преку воведување техники за електронско следење на фетусот, сонографија и амниоцентеза. Целта е да се обезбеди превенција и намалување на  стапката на матернален и фетален морталитет. Една од основните цели на пренаталната здравствена нега е да се обезбеди адекватна исхрана и правилно употреба на додатоци  во исхраната, во текот на целата бременост. Квалитетната и разновидна исхрана и доволното внесување на минерали и витамини придонесуваат за здрава бременост и за подобар развој на детето. Во текот на бременоста се зголемува потребата од поголемо внесување хранливи состојки.



Според последните препораки за дневно внесување  хранливи состојки, само железо, фолна киселина и витамин Д  треба двојно повеќе да се консумираат во периодот на гестација. Според препораките на Националната академија за наука, бремените жени треба секојдневно, дополнително да примаат околу 30 mg железо во форма на железо оксид. Зголемената  концентрација на железо во организмот е корисна не само за плодот, туку и за подобрување на крвната слика кај трудницата. Затоа, на бремените жени им се препорачува почесто консумирање  храна богата со железо. Овој минерал го има во месото, црниот дроб, јајцата, сушените зрнести плодови, зелјестите растенија, интеграниот леб, житните растенија, како и во сувото овошје.

Сите жени за време на бременоста е потребно да земаат 0,4mg фолна киселина дневно. Жените кои имаат претходно родено дете со дефект на невралната туба, потребно е да земаат 4mg дневно, 4 недели пред забременување и три месеци за време на бременоста. Докажано е дека употребата на фолна киселина пред забременување може да ја редуцира инциденцата на дефекти на невралната туба, како и на други невролошки дефекти.

Потребите за калциум и фосфор се зголемуваат за 50 %, а за B6 (пиридоксин) и B1 (тиамин) за околу 30 %. Кај пациентки со строг вегетаријански режим на исхрана може да се јави потреба од дополнително внесување на витамин B12. Внесувањето протеини, цинк и рибофлавин треба да се зголеми за околу 25 %. Внесот на сите други хранливи состојки, освен витамин А, треба да се зголеми приближно за 20 %. Витаминот А треба да се внесува во нормални количини, затоа што во организмот на мајката има доволни резерви од овој витамин и прекумерната акумулација има тератоген ефект.

Заклучок,  жените со повисок социо-економски статус имаат  поголема репродуктивна способност и поголем процент на нормално/здраво потомство, во споредба со жените со понизок социо-економски статус, бидејќи обично се хранат поздраво, поквалитетно и внесуваат доволно протеини.

За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУНИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>