Фармацевти
Контакт

<< Назад

Важноста на стоматолошките прегледи

ноември 1, 2021

д-р Методија Ичев
ПЗУ Ву-Дент, Гевгелија

|



Оралното здравје е огледало на целокупното здравје на една личност, како и присуството на здрави и функционални дентални структури.

Која е важноста од редовен стоматолошки преглед?

-Редовниот преглед на забите е важен, бидејќи помага да ги одржите забите и непцата здрави.

-Едукацијата добиена од страна на стоматологот како да се одржува орална хигиена.

Се препорачува барем на секои 4-6 месеци да го посетите својот стоматолог за да се направи преглед и контрола на вашите заби. Редовните контроли се од исклучителна важност. Стоматолошкиот преглед се состои од два дела:

Со самата проверка стоматологот ќе ја забележи секоја можна промена на забите и непцата со што би се интервенирало, доколку е потребно.

Грижата за севкупното здравје подразбира и грижа за здравјето на устата, забите и непцата.

Кога за прв пат да го однесете детето на стоматолог?

Често родителите се во дилема кога е вистинското време за првата посета на стоматолог.

Многу често се мисли дека детето е мало, па поради тоа не може да се интервенира и се одложува првата посета кај стоматолог.

Првиот преглед е најдобро  да се направи помеѓу првата и втората година.

Најдобро е родителите првиот пат сами да ја посетат стоматолошката ординација и со стоматологот да се договорат како би изгледал првиот преглед. Првиот преглед би имал за цел едукација и превенција. Стоматологот може да ги предупреди родителите на што треба да обрнат внимание, а во исто време и да им даде совети за правилното одржување на хигиената на забите кај мало дете.

Редовните контроли се особено важни, бидејќи на тој начин детето добива навика за грижа за оралното здравје и запознава дека стоматолошката ординација не треба да е причина за страв затоа што самата посета не е единствено во случај на болка.

Малите деца по своја природа се плашливи и недоверливи. Пределот на устата претставува исклучително чувствителна зона чие загрозување ги активира одбранбените механизми.

Доколку стравот веќе е присутен, соработката со родителите е пресудна, посебнопри  првата посета. Стоматологот треба да биде поставен како авторитет, со благ став, но, пред сè, како пријател пред самото дете за соработката да биде успешна.  Малите деца мора да знаат за што доаѓаат на стоматолог, би било пожелно од дома да им се каже вистината.

Потенцирајте ги позитивните работи, но не ги негирајте негативните
Посетата на стоматолог опишете ја како „интересна“, „забавна“ и поттикнете го вашето дете да се интересира за процедурите и апаратите кои се користат.

Најдобро е детето да биде во друштво на некој кој не се плаши од стоматолог

Не зборувајте за вашиот страв од стоматолог пред детето!

Кога сето ова ќе биде комплетирано, верувајте вашето дете ќе ги победи сите непријатности од самата посета на стоматолог.

За детално читање на овој текст, погледнете на 26-27 стр. во електронското издание на BETTY магазин (НОЕМВРИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>