Фармацевти
Контакт

<< Назад

Важностa на физикалната терапија

ноември 1, 2021

Илија Жежов
дипл. физиотерапевт
Центар за масажа и физиотерапија
ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ

|



Физикалната  терапија  во современата медицина има  главна цел во лекувањето и е збир на медицински процедури насочени кон враќање на невромускулните функции на телото по повреди и други медицински состојби.  По извршениот преглед и констатација на  дијагнозата, физиотерапевтот  ја ординира  терапијата и ве  упатува  соодветно кон лекувањето и процедурите за физиотерапија.

Физиотерапијата е  широк спектар на  примена и  имплементација  во процесот на лекувањето. Се користи за елиминирање на болката и подобрување на подвижноста на пациентот. Се користи како дел од сите заболувања со  рехабилитации  по спортски повреди, фрактури, невролошки, кардиоваскуларни, респираторни и трауматски состојби. Покрај тоа, физикалната терапија има корисен ефект врз општата состојба на телото кај хроничните  пациенти. Тоа влијае и  го  забрзува  метаболизмот, но, исто така,  ја подобрува циркулацијата,  помага да се забрза закрепнувањето по породувањето кај родилките.

Постојат неколку видови физикална терапија, најпознатата  физикална терапија како примена и главна цел денес е   кинезитерапијата  која се  користи како  енергија и движење со зајакнување на мускулно-коскениот систем. Вежбите се вршат под постојан надзор на физиотерапевт, кога пациентот ќе ги совлада вежбите можат да се  работат самостојно и дома. Во кинезитерапијата се користат методи и тежински товари што ги пропишува физиотерапевт, додека  за основните вежби доволно е да се изведуваат  само на душек, но треба да се  ординирани по процедури и надзор на физиотерапевт. Покрај овој вид физикална терапија тука спаѓаат и апарати од  модерната технологија со модерни уреди. Овие апарати и уреди вклучуваат процедури од:  електротерапија, ласерска терапија, магнетотерапија и термотерапија – термичка обработка, сонотерапија –  ултразвучна терапија, криотерапија – ледена терапија, механотерапија – масажа на заболениот дел од телото и медицинска масажа. Изборот на аплицираност на процедурите  на физикалната терапија зависи од препораките и мислењето  на физиотерапевтот според процедурата на дијагнозата во процесот на лекувањето.

Во процесот на лекувањето  физиотерапевтот  треба да му ги обезбеди на пациентот соодветните процедури со 100 % решение во лекувањето за укажаниот проблем, додека пациентот треба да ја има комплетно и  реално очекуваната  доверба од самото лекување. По процесот на лекувањето телото на крајот ќе се врати во претходната, здрава состојба. Сепак, во некои случаи, можно е само делумно закрепнување, но за ваквата состојба уште во почетокот на прегледот пациентот е информиран детално за тоа какви ќе бидат ефектите од лекувањето. Секогаш треба да се има позитивен став и  верба дека рехабилитацијата ќе ги даде посакуваните резултати. Пациентот треба да му даде целосна доверба на својот физиотерапевт за терапијата да биде соодветно  успешна.

Покрај тоа, упорноста е клучен фактор. Потребно е време телото да се опорави после повреда или ненадејни состојби, како што е мозочниот  удар. Иако закрепнувањето е бавно, тоа не значи дека напорната работа нема да ја достигне целта во лекувањето. Пациентот не смее да биде демотивиран од фактот дека во моментот не забележува напредок, бидејќи физиотерапевтот треба целосно да се посвети на лекувањето. Понекогаш лекувањето  е постепено и тешко  да се забележи,  бидејќи болеста  има поголем удар врз здравствената состојба.

Затоа секогаш треба да се избере физиотерапевт  мотиватор што  знае како да ѝ пристапи на личноста која изгубила трпеливост, доверба и надеж дека лекувањето ќе се одвива со  резултати и ефекти. Кај добар, професионален физиотерапевт експертизата, искуството и вештините за работа со клиенти играат клучна и главна улога. Трпеливоста и упорноста се многу важни фактори во лекувањето.

Исто така, друг неопходен предуслов за успех на физикалната терапија е дисциплината. Кога станува збор за вежби, обично оние кои се прават во центрите за физикална терапија, се придружени со физиотерапевт. Целта е да се одржи динамиката и да се придвижи пациентот кон целта со одредено темпо. Некои вежби треба да се прават во серија на неколку повторувања, на пример, три пати на ден. Не би било практично пациентот да доаѓа во центарот секој пат кога ќе треба да  вежба. Затоа е важна дисциплината и  работната  терапија во домашни услови. Некои луѓе не се доследни во одлуките да ги извршуваат вежбите  дома, па често резултатите го одолговлекуваат рехабилитирањето. Тие самите признаваат дека им е потребно друштво или авторитет за  дополнително охрабрување при изведувањето на вежбите.  Кога станува збор за вежби во рамките на физикалната терапија, треба да се има предвид дека ова е еден вид третман и дека брзината и степенот на закрепнување зависи од дисциплината на пациентот, но и од строгите постапки на физиотерапевтот. Тоа дефинитивно треба да биде доволно за поттик и  вежбање, затоа не прескокнувајте или не игнорирајте третман ординиран за процедура од физиотерапија, бидејќи здравјето не толерира изговори.

За крај, ако забележите здравствен проблем како што е нарушена подвижност или слично, одењето на физикална терапија и  физиотерапевт  не треба да се одложува. Дијагнозата што се поставува, исто така,  не треба да се запоставува за подоцна, бидејќи со ваквиот потег го одолговлекувате и лекувањето. Без разлика дали станува збор за  ртг, магнетна резонанца, лабораториски анализи или некои други испитувања за да добиете точна дијагноза и кога причините за вашите проблеми се јасни се приближува соодветното лекување. Ако тие вклучуваат физикална терапија,  треба да ги   направите  во согласност со однапред утврден план. Бидете совесни и доследни, не прескокнувајте никакви чекори за здравјето ако сакате да  дојдат посакуваните резултати во лекувањето.

Сите процедури во лекувањето строго се спроведуваат  од физиотерапевт.

Лекувањата можат да траат  10, 15, 21 или 30 дена.

Лекувањето е индивидуално според утврдениот проблем и  дијагноза.

За детално читање на овој текст, погледнете на 28-29 стр. во електронското издание на BETTY магазин (НОЕМВРИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>