Фармацевти
Контакт

<< Назад

Вакцини – САРС-КоВ-2

мај 1, 2021

спец. д-р Николина Гроздановска
специјалист по медицинска биохемија
и лабораториска медицина

|

мај 2021 Совети за здравје

САРС-КоВ-2 претставува РНК вирус кој предизвикува тежок акутен респираторен синдром, а самото заболување, доколку се појават симптоми, се нарекува ковид-19 болест.

Во услови на ваква пандемија кога сè уште нема пронајдено соодветен лек за третман на ковид заболувањето, препораките се населението масовно да се вакцинира со цел да се создаде колективен имунитет и на таков начин да се прекине ширењето на заразата.

Концептот на вакцинација ни е добро познат. Вакцините функционираат на тој начин што ја стимулираат и ја подготвуваат природната одбрана на организмот, односно имунолошкиот систем   да ги препознае и да се бори против вирусите и бактериите за кои се специфично наменети. По вакцинацијата доколку човечкиот организам подоцна биде изложен на тие микроби што предизвикуваат болест, телото  веднаш е подготвено со создадените антитела да ги уништи, спречувајќи болест.

Вакцините се критична нова алатка и во битката против ковид-19.

Различни видови  вакцини

Постојат три главни пристапи кон дизајнирање  вакцина. Нивните разлики лежат во тоа дали користат цел вирус; само делови од микроб што го активира имунолошкиот систем; или само генетскиот материјал, кој ги дава упатствата за правење специфични протеини, а не целиот вирус.

  1. Пристапот со цел вирус



Првиот начин да се направи вакцина е да се земе вирусот кој ја предизвикува болеста и да се инактивира или да се убие со употреба на хемикалии, топлина или зрачење. Овој пристап користи технологија за која е докажано дека функционира кај луѓето, бидејќи на овој начин се прават вакцините против грип и полиомиелитис. Но, потребни се посебни лабораториски капацитети за безбедно растење на вирусот на одредени подлоги, може да има релативно долго време на производство и најверојатно ќе треба да се администрираат две или три дози.

Жива-ослабена вакцина користи жива, но ослабена верзија на вирусот. Вакцината против сипаници, заушки и рубеола (MMR) е пример за овој вид вакцини. Овој пристап користи слична технологија како инактивираната вакцина и може да се произведува во поголем обем. Сепак, вакцините како оваа можеби не се соодветни за луѓе со нарушен имунолошки систем.

Овој вид  вакцина користи безбеден вирус за испорака на специфични делови – наречени протеини – од микробот од интерес, така што може да предизвика имунолошки одговор без да предизвика болест. За да го направите ова, информациите за правење  одредени делови од патогенот од интерес се вметнуваат во безбеден вирус. Безбедниот вирус потоа служи како платформа или вектор за доставување на протеинот во организмот. Протеинот предизвикува имунолошки одговор. Вакцината против ебола е пример за ваква вакцина и овој тип  вакцина може да се развие брзо.

  1. Пристап со подединица


Вакцина со подединица е онаа што користи само многу специфични делови (подединици) на вирус или бактерија, кои имунолошкиот систем треба да ги препознае. Не ја содржи целата микроба или не користи безбеден вирус како вектор. Подединиците може да бидат протеини или шеќери. Повеќето вакцини на календарот за детска имунизација се од овој тип како вакцини  против голема кашлица, тетанус, дифтерија...

  1. Генетски пристап (вакцина со нуклеинска киселина)


Вакцината со нуклеинска киселина користи само дел од генетски материјал кој обезбедува инструкции за специфични протеини, а не за целата микроба. ДНК и РНК се упатства што ги користат нашите клетки за да создадат протеини. Во нашите клетки ДНК најпрво се претвора во гласник РНК, која потоа се користи како нацрт за создавање  специфични протеини.

Пристапот со нуклеинска киселина е нов начин на развој на вакцини. Пред пандемијата ковид-19 никој сè уште не поминал низ целосен процес на одобрување за употреба кај луѓе, иако некои ДНК вакцини, вклучително и за одредени карциноми, биле подложени на испитувања врз луѓе. Поради пандемијата, истражувањата во оваа област напредуваат многу брзо и некои вакцини со mRNA за ковид-19 добиваат одобрение за итна употреба, што значи дека сега може да им се даваат на луѓето освен што ги користат во клинички студии.

Безбедноста на вакцините против ковид-19 за различни групи

Вакцините против ковид-19 се тестирани во големи, рандомизирани, контролирани испитувања кои вклучуваат луѓе со широк возрасен опсег, од двата пола, различна етничка припадност и оние со познати медицински состојби. Вакцините покажаа високо ниво на ефикасност кај сите популации. Вакцините се безбедни и ефикасни кај луѓе со разни основни медицински состојби кои се поврзани со зголемен ризик од тешка болест, вклучувајќи висок крвен притисок, дијабетес, астма, белодробно заболување, заболувања на црн дроб или бубрег и хронични инфекции кои се стабилни и под контрола.

Лицата кои треба да се консултираат со лекар пред вакцинацијата се луѓе со компромитиран имунолошки систем, постари лица со сериозна слабост, лица со историја на тешка алергиска реакција на вакцини, лица кои живеат со ХИВ и оние кои се бремени или дојат.

Несакани ефекти од вакцините против ковид-19

Како и секоја вакцина, вакцините против ковид-19 може да предизвикаат несакани ефекти, од кои повеќето се благи или умерени и поминуваат сами по неколку дена. Вакцините се дизајнирани да ви дадат имунитет без опасност од добивање на болеста. Вообичаено е да се искусат лесни до умерени несакани ефекти при примање вакцина, бидејќи вашиот имунолошки систем го упатува вашето тело да реагира на одредени начини: го зголемува протокот на крв за да можат да циркулираат повеќе имунолошки клетки и ја зголемува температурата на вашето тело со цел да се убие вирусот. Типични несакани ефекти вклучуваат: болка на местото на инјектирање, треска, замор, главоболка, мускулна болка, треска и дијареја, во зависност од специфичната вакцина.

По вакцинацијата, на телото му се потребни неколку недели за да се изгради имунитет против САРС-КоВ-2, вирусот кој предизвикува ковид-19. Значи, можно е некое лице да биде заразено со САРС-КоВ-2 непосредно пред или по вакцинирањето и, сепак, да се разболи од ковид-19. Ова е затоа што вакцината сè уште немала доволно време да обезбеди заштита.

Придржувајте се кон препораките за лична безбедност: носете маска, дезинфицирајте ги често рацете, држете растојание и не се групирајте.

Заедно да го победиме невидливиот непријател. Останете во добро ЗДРАВЈЕ!

За детално читање на овој текст, погледнете на 24-25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАЈ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>