Фармацевти
Контакт

<< Назад

Вегетаријански оброци за здраво лето

август 3, 2022



Летна салата од компири

• 1 сладок компир • 1 жолта тиквичка • Цвекло • Брокулa • Свеж домат • Свеж босилек • Свеж исечен морков • Сол и црн бибер • Ладно цедено маслиново масло • 1 исечено авокадо • Сок од лимон • Семки од сончоглед

1. Сварете го компирот и потоа исечете го.
2. Брокулата варете ја на пареа пет минути.
3. Исечете една тиквичка и цвекло и варете ги додека не поруменат.
4. Додадете ги доматите, босилекот, морковот и сол и бибер во сад со компирот, брокулата, цвеклото и тиквичките.
5. Прелијте ги состојките со супер едноставен прелив за салата.
6. Одозгора ставете го исечканото авокадо, семки од сончоглед и цеден сок од свеж лимон.

Тост од авокадо од сладок компир

• 1 сладок компир, излупен • 1 авокадо, пасирано • Исечена краставица • Сусам • Маслиново масло • Сол и бибер по вкус

1. Загрејте ја рерната на 200 °C.
2. Излупете и исечете го слаткиот компир на долги парчиња околу 10мм дебели за да го направите вашиот „тост“. Печете ги парчињата сладок компир 20 минути.
3. Одозгора ставете го пирето од авокадо, парчињата краставица и семето од сусам за дополнителни здрави масти. Зачинете по вкус.
4. Одозгора прелијте со маслиново масло.

Печен наут со лимон, лук и рузмарин

• 2 супени лажици маслиново масло • Кора од еден лимон • 1 супена лажица лук во прав • 2 конзерви наут – исцеден и исплакнат • 1 супена лажица свежо • исецкан рузмарин или 2 кафени лажици сушен рузмарин

1. Потапкајте го наутот со сува крпа, и ставете го во тавче врз хартија за печење.
2. Премачкајте ги зрната со маслиновото масло истурајќи го врз нив и измешајте со раката.
3. Откако ќе ги премачкате сите, додадате ја кората од лимон, лукот и рузмаринот и ставете ги во рерна.
4. Печете 15 минути на 250˚C. Повторно промешајте ги и оставете ги да се попечат уште 15-20 минути, сè додека не потемнат и станат крцкави.

Чоколадни банани со 4 состојки

• 2 средно долги банани • 2 чаши вегански чоколадни топчиња • 2 лажици засладени кокосови снегулки • 2 лажици сечкани бадеми

1. Обложете ја хартија за печење. Излупете ги бананите и исечете ги на половина. Набодете ги дрвените стапчиња во бананите. Ставете ги бананите на хартијата на растојание и замрзнете ги 20 минути.
2. Во поголем сад загрејте ги чоколадните парчиња 60-90 секунди. Со помош на жица за матење, измешајте околу стопените чоколадни парчиња додека не се изедначи (можете да додадете една лажица кокосово масло за да ја направите чоколадната смеса помазна).
3. Нежно потопете ги замрзнатите банани во садот со стопеното чоколадо. Можете да користите лажица за да додадете повеќе чоколадо на страните на бананата. Поставете ги бананите прекриени со чоколадо повторно на плехот за печење.
4. Нежно посипете ги бадемите и кокосовите снегулки над бананите. Повторно замрзнете 10-15 минути. Дополнете со преливно чоколадо или повеќе од вашите омилени додатоци!

За детално читање на овој текст, погледнете на 30-31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Август 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>