Фармацевти
Контакт

<< Назад

Велигденска работилница

април 1, 2022



Оваа декорација е многу едноставна за подготвување и за кратко време може да имате одличен украс кој ќе разубави некое ќоше од вашиот дом. Соберете неколку суви гранки кои нема да бидат многу тенки и ќе може да ја издржат тежината на нив. Гранките може да ги користите и во оригинална боја, но може и да ги обоите со темперни, акрилни или бои во вид на спреј. Доколку се решите да ги боите, оставете убаво да се исушат, а ако сакате подолго време да ја задржите истата декорација, може да ги испрскате и со лак за коса. Најдете сад, односно вазна и наредете ги рамномерно. За да ја зацврстите нивната позиција да овозможите да не мрдаат, во садот ставете доволно памук, обична хартија или, пак, пенлив сунѓер. На гранките закачете ги декоративните јајца со панделка.



Ова е уште еден одличен и прилично едноставен начин за декорирање на велигденските јајца. На рибарски конец (може и обичен, но рибарскиот е секогаш поиздржлив) наредете монисти како да креирате ѓердан. Откако ќе го прицврстите крајот од конецот, нанесете лепило на јајцето и замотајте ги монистите околу него. Оставете да се исушат убаво.



Многу практичен и брз начин на претворање велигденски јајца во форма на зајак! Обезбедете си мали марами во различни бои кои откако ќе ги здиплите соодветно, ќе ги замотате околу јајцето и двата врва ќе ги споите со ластик или конец. Идеално е доколку јајцата се еднобојни и на нив со маркер нацртате лик кој асоцира на зајак.



За детално читање на овој текст, погледнете на 32 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АПРИЛ 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>