Фармацевти
Контакт

<< Назад

ВЕРА МЕШТЕРОВИЌ – Манекенка, водителка и инфлуенсер! – Ексклузивно интервју

декември 31, 2023



Betty: Кога за првпат се појавивте на малите екрани, како се развивавте низ годините, каде сте сега?
Вера: Уште од мали нозе се дружам со телеви- зијата и јавните настапи бидејќи паралелно со основното училиште завршив и основно балетско, но не продолжив поради висината.

Кратко време бев со кошарката и продолжив со фолклорот, а во меѓувреме со манекен- ството (ревии, реклами, фотосесии), потоа во 1996 бев избрана за мис на Македонија и бев прв претставник на Мис на светот каде што бев забележана и остварив меѓународни соработки. Иако завршив студии за царина и шпедиција, немав можност да работам според занимање туку останав во медиумите. Денес веќе како водител на утринската програма на Канал 5 телевизија, дел од тимот на „Здраво Македонијо“. Денот ми почнува во 5 или 5 и15 ч кога сум во студио и 7 или 7и30 ч во деновите кога сум на линкови, снимања, редакција.

Ги будам децата, се подготвуваме за училиште (во деновите кога не сум рано на екран), пијат витамини и излегуваме. Утринското кафе или чај го пијам попатно или со колегите.

Betty: Што е вашата мотивација, инспирација на приватно, а и на професионално поле?

Вера: Ме мотивира сегашноста, денот да ми помине среќно, исполнето, реализирано, а тоа во мојата работа носи креативност, мечти, идеи, излегување надвор од комфор-зоната на нештата. Секој ангажман да се осмисли на различен начин, соодветен пристап, истражување, информирање.
Работата ме мотивира да научам нови работи кои не ми биле познати, тоа ми е дополнителна мотивација бидејќи тоа ми носи и искуство и знаење во најразлични области.

Маркетингот, рекламирањето, презентирањето, водителството, моделингот се поврзани со широк дијапазон на професии, сознанија, нови студии, нови информации кои ме инспирираат, поттикнуваат на подобра верзија на себе, ме надградуваат затоа што соработките се различни, некои се од општествен карактер, некои за убавина, некои за здравје, некои се за подигање на општата свест, некои се животни, некои се волонтерски, некои се едукативни, некои се хуманитарни.

Ете токму таа разноликост во мојата професија, сретнувајќи се, соработувајќи со најразлични личности од разни сфери, професии ми создава чувство на мотивација, задоволство, среќа.
Секако огромна позитивна, движечка сила, единствената безусловна љубов, мојот животен правец, смисол, мојот мир, мојата сила, мојата гордост, мојот успех, мојата најубава искрена насмевка, мојот елан ми се моите децата.

Мислам дека прашањето која е мојата мотивација се однесува на професионалното поле, за работата, но невозможно е да не ја споменам мајчинската мотивација, која е нераскинлив дел од мојата личност, опис на моето реално секојдневие.

Betty: Какви се вашите дневни обврски на работа, дома?

Вера: Моите дневни обврски се состојат во правење план на активности поврзани со мојата работа и нивната реализација и обврските со домот, децата, нивните обврски со училиште, домашните, нивните дополнителни обврски со курсеви за јазици, со спортување, прослави, родендени, кино, прошетки, игралиште и други слични активности на реално социјализирано дружење со нивни врсници, соученици или нивни другарчиња од дополнителните активности кои моите деца ги посетуваат.

Betty: Кој се дополнителните ангажмани надвор од телевизијата и социјалните мрежи, рекламите?

Вера: Од неодамна фамилијарно зедевме локал во Старата скопска чаршија, поточно отворивме прв џин-бар на одлична локација. Еден поинаков предизвик кој носи поразлични попладневни часови и вечери, па во текот на неделата сум таму.

За време на викендите вечерта ми завршува со децата, бидејќи во текот на работната недела сме сите поангажирани па во викендите надоместуваме време за нас. Шетаме, правиме ручек, вечера, кино или дома гледаме филм или серија, играме друштвени игри, карти....Кога спомнав веќе менаџирање, соработувам со Џорџе Давид, Ивана Петерс и бендот „Дед соу“, изминатиов период имавме успешни проекти во Македонија и подготвуваме нови концертни настапи ширум нашата земја, заедно со „Чаптер 4“ од Македонија.

Betty: Што сакате во слободното време, а што кога патувате?

Вера: Кога сум на патување повеќе сакам знаменитости, нови вкусови на храна, концерти, книги...а дома сакам да гледам филмови или серии. Кога сум на патување со децата заедно бираме што ќе правиме, дали ќе шетаме, ќе видиме нешто ново и слично...

Betty: Какви предизвици ве очекуваат со децата оваа година?
Вера: Оваа година синот е полуматурант па прашањето каде понатаму е фокусот за оваа учебна година, ќерката е 6. одделение, но и таа веќе размислува во тој правец. Постојано сме во активности, движење, имаме разноликост.

Благодарна, среќна сум и горда на сè со што сме опкружени, имаме идеи, планови, така ние исполнето секојдневието. Се надевам дека тоа што ќе го одберат ќе им донесе успех, исполнетост, радост...

За детално читање на овој текст, погледнете на 10-13 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јануари 2024).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>