Фармацевти
Контакт

<< Назад

Витамини и електролити во летниот период

август 1, 2020

|

магистер по фармација
Милче Џонова
(АПТЕКА БИО-ЛЕК, ШТИП)



Имунолошкиот систем е сложено дејствување на одредени клетки и органи кое го штити телото од штетните влијанија и слободните радикали и има за цел да ги уништи бактериите и вирусите кои се предизвикувачи на разни болести. Неговото правилно функционирање е една од најважните компоненти за добро здравје. Често се случува имунитетот да ослаби поради разни причини и тогаш луѓето се поподложни на болести. Сето ова може да се избегне со регулирање на исхраната и зголемено  внесување  одредени додатоци на исхраната (суплементи).

Витамините и минералите се многу важни додатоци на исхраната, неопходни за балансирано секојдневие. Доколку поради диети и секојдневниот ритам не се внесуваат преку исхраната доволно витамини, треба да се надоместат со суплементи. Овие суплементи можат да го зајакнат организмот и неговиот одбранбен систем. Важен е и правилниот избор на суплементи во летниот период.

Витаминот Ц е значаен за имунолошкиот систем и неговото секојдневно внесување штити од инфекции и може да му помогне на телото побрзо да се навикне на високите температури во летниот период.

Витаминот А е значаен во летниот период, тоа е антиоксидант кој му помага на телото да  закрепне од оштетувањето на кожата од сончевите зраци.

Витаминот Е е антиоксидант кој се бори против слободните радикали во организмот и против сезонските алергии.

Витаминот Д е важен за имунитетот, но во летниот период треба да се внимава со суплементи со витамин Д бидејќи го добиваме и преку сонцето.

Витаминот Б6,  исто така, е битен за имунолошкиот систем, во борба против бактериите и вирусите и заедно со другите витамини од Б-групата е потребно  секојдневно да се  внесува.

Цинкот е минерал кој го подобрува имунолошкиот систем и служи за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Магнезиумот е минерал важен за бројни функции, за обезбедување  нормален сон, ја подобрува работата на мозокот и нервниот систем и за спречување воспалителни процеси. Неговиот недостиг доведува до слабеење на имунолошкиот систем.

Правилната хидратација на нашето тело е многу важна во текот на цела година, но во летниот период е од клучно значење. Потребите од внес на вода и електролити значајно се зголемуваат во летниот период поради повисоките температури и зголеменото потење на  организмот. Доколку не се внесуваат во доволна количина, може да дојде до дехидратација на организмот. При дехидратација организмот покрај вода губи големи количества  електролити, пред сè, натриум и калиум, клучни за одржување на ацидо-базната рамнотежа и функционирање на мускулите и нервите. Дури и мали промени во концентрацијата на електролитите во крвта може да предизвикаат значајни биохемиски пореметувања кои може да ја влошат здравствената состојба на човекот. Затоа е важно електролитите брзо и ефикасно да бидат надополнети за да се спречи можниот дисбаланс. Посебно е значаен нивниот внес при состојби на дијареја, изнемоштеност, губење енергија, главоболка, сува уста, при поголема изложеност на сонце и високи температури. Нивното внесување е битно  и при зголемен физички напор и кај спортисти. ОРС растворите (орални рехидрациски соли) содржат натриум, калиум, бикарбонати, магнезиум, калциум и глукоза. Многу е важно и нивното ординирање. Прашокот се раствара во вода според упатството и се пие голтка по голтка во текот на неколку часа.

За детално читање на овој текст, погледнете на 8 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АВГУСТ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>