ВО ЗИМСКИОТ ПЕРИОД, ОРГАНИЗМОТ ЧЕСТО СЕ СООЧУВА СО НАМАЛЕН ВНЕС НА ХРАНЛИВИ МАТЕРИИ И ПОМАЛКУ
ИЗЛОЖЕНОСТ НА СОНЧЕВА СВЕТЛИНА, ПА ОДРЕДЕНИ ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ СЕ ОСОБЕНО ВАЖНИ ЗА
ОДРЖУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО. ЕВЕ КОИ ВИТАМИНИ СЕ ПРЕПОРАЧУВААТ И КОГА Е НАЈДОБРО ДА СЕ КОНСУМИРААТ:
ВИТАМИН Д
ЗОШТО: Поради намалената изложеност на сонце во зимскиот период, телото не може да синтетизира доволно витамин D, што е клучен за имунитетот, здравјето на коските и расположението.
КОГА: Најдобро е да се зема со оброк кој содржи масти, бидејќи е растворлив во масти.
ВИТАМИН Ц
ЗОШТО: Го зајакнува имунолошкиот систем и помага во борбата против настинки и вируси. Исто така, придонесува за здравјето на кожата и апсорпцијата на железото.
КОГА: Може да се пие наутро или во текот на денот, бидејќи е растворлив во вода и се апсорбира релативно брзо.
ВИТАМИНИ ОД Б ГРУПАТА
ЗОШТО: Го поддржуваат производството на енергија, га намалуваат уморот и го одржуваат нервниот систем здрав.
КОГА: Најдобро е да се земаат наутро, бидејќи помагаат за енергија во текот на денот.
ВИТАМИН E
ЗОШТО: Делува како антиоксиданс кој ја штити кожата и клетките од оштетување.
КОГА: Се зема со оброк кој содржи масти, бидејќи е растворлив во масти.
МАГНЕЗИУМ И ЦИНК (МИНЕРАЛ)
ЗОШТО: Магнезиумот помага при релаксација, подобар сон и намалување на стресот. Цинкот помага во зајакнување на имунитетот.
КОГА: Магнезиумот- навечер, бидејќи помага при опуштање и подобар сон. Цинк- Најдобро на празен стомак, но може и со оброк доколку предизвикува непријатност.
ПРЕПОРАКИ:
· Консултирајте се со лекар за точните дози и комбинации според вашите индивидуални потреби.
· Најдобро е витамините да се земаат со оброци, освен ако е поинаку наведено.
· Балансирана исхрана со сезонско овошје и зеленчук е природен начин за внес на витамини.
Пишува: Фармацевт Јулијана Кескинова Мојаноска
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци