Фармацевти
Контакт

<< Назад

Вкусно, здраво, лековито – Кокосово масло

април 1, 2020

|



Предноста на кокосовото масло не е само пријатниот мирис, туку и фактот што  за разлика од останатите масла не ги таложи масните киселини во организмот, па тие преминуваат  во црниот дроб, каде се претвораат во енергија. Широката употреба на оваа намирница со високи нутритивни вредности има голема  корист за нашето здравје.

Докажано е дека кокосовото масло има безброј благодати како: заштита на срцето и кардиоваскуларниот систем, топење на мастите во телото, намалување на холестеролот, зајакнување на имунитетот, нега на кожата, косата и ноктите.

Поради присутноста на  масните киселини од среден синџир, кокосовото масло ги согорува мастите во телото.

Исто толку е ефикасно како и најефикасниот отстранувач на шминка што го знаете. Дури и најтрајната водоотпорна маскара нема шанси против кокосовото масло. Истурете лажичка масло од кокос на парче памук, нанесете го на вашата кожа и оставете го да дејствува 10 –  15 минути.

Кокосовото масло има антифунгални и антибактериски својства. Доколку сакате да ги уништите штетните бактерии кои  се појавуваат во усната празнина, може да разредите кокосово масло со чаша вода и да направите гаргара. Веднаш ќе го почувствувате свежиот здив.

Токму поради антифунгалните и антибактериските карактеристики, може да ги исчеткате и забите. Помешајте малку кокосово масло со сода бикарбона, со што ќе оформите смеса која ќе ги уништи бактериите помеѓу забите и непцата.

Доколку сакате да дејствувате на подочниците, секоја вечер, 30 минути пред спиење масирајте го тој дел од  лицето со кокосово масло. Покрај тоа што ќе го негува нежниот слој, ќе дејствува и на осветлување на бојата на кожата.

Како на кожата, кокосовото масло дејствува и на косата. Нанесете кокосово масло на косата и почекајте петнаесетина минути. Потоа со млака вода исплакнете ја косата, која покрај тоа што ќе биде потхранета, ќе изгледа меко и сјајно.

Поради фактот што лауринските киселини го спречуваат формирањето лоши мириси, кокосовото масло може да се смета за природен дезодоранс.

Со цел да ја спречите иритацијата и сушењето на кожата после бричење, можете да нанесете кокосово масло со што ќе ги отстраните негативните влијанија на пената или бричот.



Секоја трудница е потребно да има тегла со кокосовото масло која ќе ѝ биде исклучително корисна за време на бременоста. Редовното нанесување кокосово масло  на стомакот ќе ја намали појавата на стрии и ќе придонесе кожата да изгледа здрава, мека и сјајна.

Пилингот на тело е одличен начин со кој  ќе ги отстраните мртвите клетки од вашата кожа. Помешајте малку шеќер во прав со кокосово масло и ќе добиете одлична смеса која  може да ја нанесете на вашето тело и да  направите пилинг со природни состојки.

Доколку сте доилка, тогаш, секако, ја знаете важноста на квалитетот на мајчиното млеко за развојот на детето. Поради здравите масти кои  ги има во кокосовото масло можете да го поттикнете производството на вашето млеко додавајќи го во храната што ја внесувате.

Ако вашите нокти се меки и кршливи, навечер премачкајте ги со кокосово масло и масирајте го пределот околу ноктите. Ќе забележите дека после извесно време вашите нокти ќе станат поцврсти, додека кожата околу нив ќе изгледа многу поздрава.

Чистењето на четките за шминка е проблематично за секоја жена. Со цел да бидете сигурни дека четките ви се целосно чисти, додадете кокосово масло во антибактерискиот сапун за чистење и истријте ги вашите четки.

Кокосовото масло го намалува чувството на потреба за чешање кое се јавува при убоди од инсекти.

Бонус BETTY совет

Со цел да ги добиете лековитите состојки на кокосовото масло, најдобро е да го користите во сурова форма, но поради високата отпорност на температура може да се користи и за печење или, пак, за пржење храна. Додека останатите масла може да ги променат своите карактеристики на висока температура, кокосовото масло ги зачувува своите вредни состојки.

За детално читање на овој текст, погледнете на 20 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АПРИЛ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>