Фармацевти
Контакт

<< Назад

Влијанието на витамините Б1, Б6, Б12 врз здравјето на нервниот систем

мај 2, 2023



Пишува: Д-р Оливера Пенев

Витамините Б1, Б6 и Б12 се неопходни за здравјето на нервите. Овие витамини можат да помогнат во заздравувањето на оштетувањето на нервите и да ги ублажат симптомите на оштетување на нервите, како што се вкочанетост, трнење, пецкање. Поради нивната специфична улога врз нервниот систем се нарекуваат невротропни витамини.

Секој од Б витамините има своја специфична улога во здравјето на нервите, но тие исто така работат во синергија заедно - како тесно поврзан тим - за да ги регенерираат оштетените нерви и да го одржат нервниот систем здрав и функционален. Невротропните Б1,Б6,Б12 витамини се клучни играчи, кои влијаат на одржливоста на невроните на различни начини. Тие постојано ги штитат нервите од штетните влијанија од околината. Додека витаминот Б1 делува како антиоксиданс, витаминот Б6 го балансира нервниот метаболизам, а витаминот Б12 ги одржува миелинските обвивки.

Сепак, оштеувањата на нервните клетки се случуваат, поради нерамнотежа помеѓу заштитните фактори и акумулирачкиот стрес и други фактори. Присуството на витамините Б1, Б6 и Б12 го отвора патот кон регенерација преку поддршка на развојот на нови клеточни структури. Отсуството на овие витамини ќе придонесе за трајна нервна дегенерација и болка, што на крајот ќе доведе до периферна невропатија.

Витаминот Б1 (тиамин) помага во одржување на здравјето на нервниот систем. Нервите трошат многу енергија, но не можат да ја складираат и затоа им е потребно постојано снабдување. Витаминот Б1 има клучна улога во претворањето на јаглехидратите во енергија што им е потребна на нервните клетки за да функционираат правилно и да останат здрави. Б6

Витаминот Б6 (пиридоксин) е корисен за да се осигурате дека вашите нервни влакна се способни ефикасно да пренесуваат сигнали. Витаминот Б6 има важна улога во здравјето на нервите, помагајќи во производството на витални невротрансмитери - тоа се хемиските гласници со кои комуницираат нервните клетки меѓу себе.

Витаминот Б12 ( кобаламин) е клучен за здравјето на нервите поради неговата клучна улога во регенерирањето на нервните влакна и поправка на нервните оштетувања.

Витаминот Б12 има многу здравствени придобивки и - од гледна точка на здравјето на нервите - можеби најважната од нив е улогата што ја игра во создавањето на миелинот, кој ја формира заштитната обвиввка на нервните влакна.

Иако секој од невротропните Б витамини има своја посебна улога во здравјето на нервите, сите тие работат заедно во синергија за да ги поправат, регенерираат и заштитат нервните влакна кои го сочинуваат нервниот систем.

Ова е причината зошто истражувањата сугерираат дека оптималната комбинација на трите витамини, Б1, Б6 и Б12, е поефикасна за ублажување на симптомите на оштетување на нервите и за обновување на нервната функција отколку земањето еден витамински додаток.
Причините за ова се сложени, но се смета дека преклопувањето помеѓу различните функции на различните витамини Б е еден аспект. Исто така, познато е дека оштетувањето на нервите генерално е предизвикано од неколку фактори во исто време. Ова значи дека може да биде потребна комбинација од витамини за ефикасно справување со сите фактори кои придонесуваат за оштетување на нервите.

Нервниот систем е составен дел од тоа кои сме ние. Контролира како размислуваме и што паметиме. Тоа ни помага да ги движиме нашите тела. Тој ни овозможува да ни чука срцето. Ни овозможува да чувствуваме. Нашиот нервен систем не прави НАС. Еден пригоден начин за поддршка на овој систем е со соодветна исхрана богата со витамините Б1,Б6 и Б12 како и суплементација со добро балансирани дози на овие витамини за да можат да влијаат врз заштита и регенерација на нервните клетки.

За детално читање на овој текст, погледнете на 26-27 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Мај 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>