Фармацевти
Контакт

<< Назад

Грижа за вашето милениче

март 1, 2022

Лавинија Перуновски
професионален грумер

|



Како се справувате со миленичиња што се вознемирени или се плашат?

Причина за страв кај милениците најчесто знае да биде  доцната посета на грумер (над 10-месечна возраст) или неправилно запознавање со третманот и алатките што се користат. Кога младо кутренце на време ќе се запознае со звукот на фенот и вибрациите на машинката, понатаму во текот на животот посетата на грумер и самиот третман им е вообичаено нешто. Ако веќе се работи за возрасно куче со стравови, се работи полека и внимателно, дури некогаш и самиот третман не е целосен сè со цел да стекне навика. Најчесто, кај такви примери е потребно време и трпение, некогаш и година и повеќе, но позитивен фидбек секогаш имало.

Што е она што треба да се направи пред да се донесе миленичето кај Вас?

Конкретно не треба да се направи ништо. Јас сум таа која има обврска на сопствениците да им даде насоки за правилно одржување и нега на миленикот меѓу третманите, правилен избор на четки и правилно четкање, така што ако сопственикот има прашања разговараме за нив. Доколку се работи за раса на кутре со специфичен изглед, разговараме за фризурата, споредуваме слики и идеи, за на крај да се добие посакуваното.

Колку е важно редовно да се грижиме за изгледот на нашето милениче и зошто?

Редовнато одржување, и дома и на грумер, е од голема важност, бидејќи само на тој начин може да имаме здрав миленик. Одредени раси, кои се моментално популарни, баш се многу захтевни во тој поглед и бараат доста четкање и дома.  Од неодржување доаѓа до вплеткување на влакното, па оттаму и немање избор за фризура, па мора миленикот да биде ишишан кратко, што верувајте,  не е желба на ниеден грумер. Сите сакаат да ги вратат милениците дома убави и средени, но потребно е крзното да се одржува и дома. Исто како што нам стоматологот не ни ги четка забите туку ние се грижиме за оралната хигиена а посетуваме стоматолог по потреба, и со крзното кај милениците е исто – мора здрави и редовни навики за здрав миленик

Кој е најзабавниот, а кој најтешкиот дел од Вашата работа?

Со оглед на тоа што со агресивни кучиња не работам, не гледам на дел од мојата работа како лесна или тешка. Секоја раса си има свои барања и свој стандард,  така што секогаш кога ќе стигнам до крајот задоволство е да се види ефектот од работењето. Генерално е креативна работа и е прекрасно да се работи со кучиња.

За детално читање на овој текст, погледнете на 28 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>