Фармацевти
Контакт

<< Назад

Грижа за млечните заби

август 1, 2020

|

д-р Искра Аврамоска
доктор по стоматологија
(ПЗУ „ИН ДЕНТ“, СКОПЈЕ)



Млечните заби кај децата растат помеѓу пет и седуммесечна  возраст или подоцна. Бидејќи секое дете е различно, и времето на никнување на млечните заби, исто така, е различно, но најдоцна до третата година од животот детето треба да ги има сите млечни заби.

Млечни заби има вкупно 20, десет во горната и десет во долната вилица. Нивниот изглед е привремен и му претходи на растот на постојаните заби. До третата година од животот детето треба да има осум инцизиви, четири кучешки заби  и осум млечни катници.

Овие заби се на број многу кратко време, односно  започнуваат  да паѓаат обично според редоследот по кој и никнале. Најчесто како прв траен заб никнува  долниот молар. По неговото никнување, млечните единици, тројките и четворките започнуваат да паѓаат.

Кога станува збор за млечни заби, петките кај повеќето деца паѓаат последни. Млечните заби кај возрасните не постојат, бидејќи на возраст помеѓу 12 и 14 години трајните заби растат и не се менуваат.

Млечни заби – никнување

Млечните заби се привремена замена за трајни заби и обично започнуваат да растат во петтиот месец од животот . Иако нивното појавување не е болно само по себе, тие предизвикуваат чешање на местото на растење и затоа малите деца ги чувствуваат промените и постојано ги  џвакаат рацете или предметите што ги наоѓаат околу себе за да го олеснат чешањето.

Покрај тоа, многу честа појава при никнувањето на млечните заби е зголемено лачење  плунка. Кај некои деца овој процес е болен и  не можат да спијат и да јадат нормално, но обично тоа не трае многу  долго време.

Процесот на никнување на млечните заби кај децата може да се олесни со  гумени  играчки  кои можат да се изладат и со тоа да се намали непријатноста  при никнувањето заби. Како замена за гумените играчки може да се користи и поприродна верзија на играчки кои децата можат да ги џвакаат  (парчиња овошје или зеленчук ), но при тоа мора да се обрне внимание на возраста на детето и ризикот од задушување со мали предмети.

Исто така, препорачливо е нежно да се масираат непцата со чиста влажна газа натопена во чај од камилица, постапка која ќе им помогне  полесно  да заспијат. Исто така, со употреба на влажна газа која била подолго време во фрижидер се намалува непријатноста од чешањето предизвикано од растењето на млечните  заби.
Траење на млечните заби

Млечните заби траат додека трајните заби не почнат да растат. Обично, првите постојани заби почнуваат да никнуваат на возраст од шест години, што значи дека кај повеќето деца сите млечни заби треба да траат во просек од околу три години. На возраст од 12 години, и последните трајни заби веќе треба да бидат никнати. Секако, треба да се земе предвид фактот дека ова е просечното времетраење на млечните заби. Истите почнуваат да испаѓаат непосредно пред никнување на трајните заби. Потоа, следува ресорпција на коренот на млечните заби што се топи со текот на времето, а тоа  резултира со губење на забите. Повеќето млечни заби испаѓаат без никаква болка, но има и такви кои се со цврст корен, а во таков случај  е потребно  да се побара совет од стоматолог за да провери дали забот треба да се извади. По правило, за овие  заби не е потребно да интервенира стоматолог  затоа што на нивно место доаѓа нов, траен заб. Дури и кога станува збор за млечни заби кои се  распаѓаат, нивна екстракција не се препорачува, затоа што млечните заби служат за зачувување на местата на трајните заби и нивната улога, исто така, е важна иако е минлива. Понекогаш е потребно само нежно да се повлече забот и веќе испаѓа.

Повеќето деца поминуваат низ оваа природна фаза на замена без никакви проблеми. Но, понекогаш може да се појават проблеми ако млечното запче не паѓа или ако трајниот заб почнува да расте на погрешно место. Во такви ситуации е неопходно  да се побара помош од стоматолог, со цел да се извадат млечните заби и навреме да се направи место за трајните.

Млечни заби – кариес

Расипаните млечни заби кај децата не се невообичаена појава, бидејќи кариесот може да се појави веднаш откако ќе изникнат. Иако расипаните заби можат да предизвикаат болка кај децата, непријатност и тешкотии при хранењето, тие не треба да се вадат. Сите млечни заби испаѓаат природно, така што не смеат да се допираат.

Но, секако, може да се спречи процесот на расипување на млечните заби. Имено, децата кои јадат премногу слатки и консумираат  пијалаци богати со шеќер се ризична група за појава на кариес. Редовното четкање на забите, како и посетата на стоматолог може да ги спречи и да ги реши проблемите со кариес кај малите деца.

Млечни заби совети за родители

Млечните заби траат кратко време, а обично нивното никнување е најголем проблем за родителите, со оглед дека децата често плачат цела ноќ поради непријатното чешање.

Сепак, сите млечни заби  растат многу брзо, а најдобриот начин да им помогнете на децата е да ги научите редовно да ги четкаат забите и редовно да посетуваат стоматолог.

Детето треба да ја менува четката за заби на секои три месеци, без оглед дали е истрошена или не, а одењето кај стоматолог е доволно еднаш или двапати годишно, во зависност од здравјето на забите.

Паста за заби обично не е потребна до втората година од животот, бидејќи децата не знаат како да ја исплукаат и често ја голтаат. Паста за заби што содржи флуор не е потребна за деца до втората година од животот. Имено, флуорот ги зајакнува забите и штити од кариес, но може да биде опасен  доколку се проголта во големи количини.



Од втората до шестата година е потребно  да се купи паста за заби што содржи помалку флуор. После шестгодишна возраст, детето може да ги четка забите со нормална паста за заби. Ако се користи правилно, флуорот е многу корисен за здравјето на забите.

Малите деца  многу тешко ги мијат забите со четка за заби. На самиот почеток  четката за заби може да се замени со чиста влажна газа. Со тек на време, можете да се започне со користење  мека четка за заби за бебиња, а, секако, препорачуваме самите деца да научат што е можно поскоро  сами да ги четкаат забите за да се стекнат со  здрави навики за орална хигиена.

За детално читање на овој текст, погледнете на 6-7 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АВГУСТ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>