Фармацевти
Контакт

<< Назад

Дали знаете од кога и зошто се слави 8ми Март?

мај 9, 2023



Пишува: Сеида Џигал
Жените секојдневно се борат за своите права во секое ниво и застапеност.


Меѓународниот ден на жената, 8 Март, е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Осми март за Меѓународен ден на жената е прогласен од страна на Обединетите нации со цел да се одбележи улогата на обичната жена во историјата, како и нејзината борба за еднаквост, правда, мир и развој.

Во Социјалистичката партија на Германија (СПД), Клара Цеткин, заедно со Роза Луксембург, нејзина блиска пријателка и лице од доверба, била една од главните фигури на крајнолевото револуционерно крило на партијата.

Во дебатата за ревизионизмот на почетокот на 20 век, таа заедно со Луксембург ги нападнала реформистичките тези на Едвард Бернштајн.

Цеткин била многу заинтересирана за жените во политиката вклучувајќи ја борбата за еднакви можности и правото на глас на жената. Таа го развила социјалдемократското движење за жените во Германија; од 1891 до 1917 го уредувале женскиот весник на СПД Die Gleichheit („Еднаквост“). Во 1907 станала водач на новосоздаденото женско биро на СПД. Таа го воспоставила првиот меѓународен ден на жената на 8 март 1910 почнувајќи ја идејата во Копенхаген.

Првпат Денот на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка.

Во 1910, под закрила на Втората интернационала во Копенхаген, е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум.

Следната година на 19 март 1911 овој празник првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и во Швајцарија.

На 8 март 1913 година жените во Европа одржувале мировни собири.

По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март е прогласен за државен празник.

Симболиката на овој празник треба да биде актуализирање на барањата за подобрување на условите на работа на жените и квалитативно подобрување на нивниот социјално-политички статус во општеството.

Република Македонија значително работи на сите полиња - економски, политички, социјални и здравствени - сè со цел да се подобри и олесни животот на секоја жена во ова општество. Во правата на жените влегува и женското здравје, на кое треба многу да се работи.

Тоа претставува состојба на емоционална, социјална, културна, душевна и физичка благосостојба на жените, која истовремено е детерминирана од нивниот општествен и економски статус, како и од нивните биолошки карактеристики.

Жените имаат право да ги уживаат највисоките достапни стандарди на физичко и ментално здравје.

Уживањето на ова право е витално за нивниот живот и добросостојба, како и за нивната можност да учествуваат во сите полиња на јавниот и на приватниот живот.

Потребите на жените во однос на здравјето и здравствената заштита се препознати и се уредени во домашното законодавство, пред сè, во Законот за здравствената заштита, Законот за здравственото осигурување, Законот за заштита на правата на пациентите, како и во програмите на Владата на РМ, кои се во надлежност на Министерството за здравство, особено Националната годишна програма за јавно здравје, Програмата за рана детекција на малигните заболувања, Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во РМ, програмата „Здравје за сите“, а во кои се предвидени активности за унапредување на здравјето на жената, редовно одење на превентивни прегледи, скрининзи за рак на дојката, рак на грлото на матката, колоректалниот карцином и сл.

Сите заедно треба да работиме на подигање на свеста за подобрување на правата на жените, нивно изедначување со мажите и еднаков пристап во сите сфери на општественото живеење.

За детално читање на овој текст, погледнете на 04-05 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Март 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>