Фармацевти
Контакт

<< Назад

Дали имаме безбедно и ефикасно решение за болка?

август 31, 2025

Болката е симптом за кој пациентите најчесто се консултираат со лекар. Светската здравствена организација го дефинира како „непријатно, сетилно или емоционално искуство поврзано со вистинско или потенцијално оштетување на ткивото“. Според интензитетот, болката се дели на блага, умерена и силна, додека според времетраењето болката може да биде акутна и хронична. Во зависност од интензитетот на болката и нејзиното времетраење, оваа непријатна сензација може повеќе или помалку да влијае на квалитетот на нашиот живот и способноста за извршување на секојдневните активности.
Постојат неколку видови лекови кои според официјалните упатства се препорачуваат за различни типови болка. Изборот на лек зависи од видот на болката, предизвикувачкиот агенс и многу други важни критериуми кои мора да ги процени лекарот.
Терапијата со лекови е исклучително ефикасна и секако е во согласност со упатствата. Меѓутоа, кај одредени групи пациенти, некои лекови може да предизвикаат одредени непријатности, особено ако се користат континуирано во подолг временски период (на пример тегоби во желудникот, болки во стомакот, надуеност итн.) Поради оваа причина, се посегнува по производи кои претставуваат побезбедни терапевтски алтернативи.
Молекулата наречена палмитоилетаноламид (накратко PEA) е опширно истражувана од експерти преку клинички студии и пракса долги години наназад. Имено, утврдено е дека оваа молекула покажува силно антиинфламаторно и аналгетско дејство, што дава можност за употреба на производи кои содржат PEA кај пациенти со акутно и хронично воспаление и болка. Ефикасноста на PEA кај симптомите на хронична и невропатска болка е потврдена во повеќе од 30 клинички студии со над 6.000 испитаници. Резултатите од истражувањата покажуваат дека PEA е подеднакво ефикасна во монотерапија, како и во комбинација со лекови кои припаѓаат на групата аналгетици. Исто така, во овие студии не беа забележани значајни несакани ефекти или интеракции со лекови.
Производите кои содржат палмитоилетаноламид во комбинација со витамини од групата Б придонесуваат за нормална функција на нервниот и имунолошкиот систем, нормална психолошка функција, како и за намалување на заморот и исцрпеноста.
Благодарение на својот уникатен механизам на дејство, палмитоилетаноламид го намалува воспалението при акутни и хронични воспаленија (артритис, невралгија), го намалува интензитетот на акутна и хронична болка (која може да се појави по повреди или операции), притоа придонесувајќи за заштита на нервните клетки, оптимизација на когнитивните функции, како и подобрување на квалитетот на живот.
Размислете колку често се случува поради стрес, замор, долго седење пред екран или лош сон да почувствувате крајно непријатна болка во главата. Да, точно онаа болка која се манифестира како досадна, која создава чувство дека имате обрач околу главата што ве стега и ги нарушува вашите секојдневни активности.
Производите што содржат поголема доза на палмитоилетаноламид докажано ефикасно го намалуваат интензитетот на акутна болка кај тензиони главоболки. Студиите покажаа дека PEA ефикасно го намалува притисокот, стегањето и тапата болка во пределот на главата, ги намалува напнатоста, заморот и исцрпеноста.
Консултирајте се со нашите фармацевти и ослободете се од болката

Пишува
Магистер по фармација
Стефче Монавчев
Area Manager INNventa Macedonia

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>