Ќе ви кажеме 4 здравствени ризици кои доаѓаат со наизменичното постење.
Пишува: Сеида Џигал
Што е наизменичен пост?
Наизменичен пост е диета која вклучува циклуси на јадење и постење, на пример: не јадете до 20 часот и ги јадете сите оброци помеѓу 20 и 12 часот. За некои луѓе тоа може да
функционира, но за други не е одржливо и може да има сериозни несакани ефекти.
1. Недостаток на хранливи материи
Бидејќи имате само неколку часа за јадење, може да биде тешко да ги консумирате сите хранливи материи и калории што ви се потребни за тој ден во вашиот прозорец за јадење. Особено ако јадете нездрава храна која е богата со калории, но ниска со хранливи материи и влакна, ќе биде неодржливо да ги задоволите вашите нутритивни потреби.
2. Ниско ниво на енергија
Ако не јадете иако на вашето тело му е потребна храна, тоа може да доведе до замор. Ова може да биде опасно за оние кои имаат активни работни места и согоруваат многу калории. Но, дури и ако имате канцелариска работа и треба да се справувате со ментално предизвикувачки задачи секој ден, треба да бидете добро нахранети. Не сакате да ви се појави „магла“ кога ќе имате важна презентација на работа.
3. Не е погодна за секого
Наизменичниот пост не е за секого! Ако имате медицински состојби како дијабетес, нарушувања во исхраната или метаболички нарушувања, наизменичното постење може да доведе до сериозни несакани ефекти. Ако сакате да ја правите оваа диета, секогаш треба да ја проверувате кај здравствен работник, особено ако имате медицински состојби.
4. Губиток на мускулната маса
Постење на подолг временски период може да доведе до губење на мускулната маса. Особено ако вежбате и не внесувате доволно јаглехидрати пред тренингот и протеини после тренингот. Ако сакате да изградите мускули, не сакате да ризикувате мускулна атрофија со постот.
БЕНЕФИТИ НА НАИЗМЕНИЧНО ПОСТЕЊЕ:
Размислување и меморија: Студиите открија дека наизменичното постење ја зголемува работната меморија кај животните и вербалната меморија кај возрасните луѓе.
Здравје на срцето: Наизменичниот пост го подобри крвниот притисок и отчукувањата на срцето во мирување, како и други мерења поврзани со срцето.
Физички перформанси: Младите мажи кои постеле 16 часа покажале губење маснотии додека ја одржувале мускулната маса. Глувците кои биле хранети наизменични денови покажале подобра издржливост при трчање.
Здравје на ткивото: Кај животните, наизменичното постење го намали оштетувањето на ткивото при операцијата и ги подобри резултатите.
За детално читање на овој текст, погледнете на 26-27 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Ноември 2023).