Фармацевти
Контакт

<< Назад

Да ја разбереме врската меѓу дебелината и срцето

мај 2, 2023

На секои 40 секунди некој доживува срцев или мозочен удар. Овие настани, познати како кардиоваскуларни настани во моментов се водечка причина за смрт во општеството. Добрите вести се дека четири од пет смртни настани врзани со некое заболување на срцето и крвните садови може да се превенираат (спречат), а телесната тежина е важен фактор за одржување на здравјето на срцето.

Дали постои поврзаност меѓу дебелината и кардиоваскуларните настани?
Повеќе од 80% од луѓето што доживуваат срцев или мозочен удар живеат со прекумерна телесна тежина или дебелина. Прекумерното масно ткиво може да предизвика воспаление на крвните садови кои ја носат крвта до срцето, предизвикувајќи срцев удар.

Крутите артерии, исто така може да доведат до зголемен ризик од згрутчување на крвта и формирање тромби што патуваат до мозокот, предизвикувајќи мозочен удар. Овој процес е познат како атеросклероза.

Атеросклерозата вклучува постепено натрупување на маснотии (плаки) во артериите. При тоа, може да дојде до руптура (пукање) на формираните плаки и тоа да предизвика згрутчување на крвта.

Факторите што го зголемуваат ризикот од атеросклероза кај луѓето, како што се зголеменото ниво на шеќерот во крвта, покачениот крвен притисок и холестерол, исто така може да бидат поврзани со дебелината.

За жал, 50% од луѓето што имале срцев или мозочен удар ќе доживеат уште еден во текот на нивниот живот, што резултира тие да живеат со страв, болка или намалена физичка способност, а во најтешките случаи може да доведе и до смрт.

За среќа, ризикот од смрт како резултат на кардиоваскуларни настани е намален поради поефикасните начини за рано откривање и справување со ризик факторите. Всушност, денес, 80% од смртноста предизвикана од срцев или мозочен удар може да се превенира, а повеќето смртни случаи што може да се спречат потекнуваат од кардиоваскуларни состојби предизвикани од прекумерна телесна тежина или дебелина.

Колку е значајно намалувањето на телесната тежина за намалување на ризикот од срцев и мозочен удар?
Испитувањата покажуваат дека кај луѓето што изгубиле 10% или повеќе од нивната телесна тежина, ризикот од нефатален срцев или мозочен удар се намалил до 24%. Тоа се должи на фактот дека намалувањето на телесната тежина го подобрува крвниот притисок и го намалува нивото на липиди во крвта, спречувајќи стврднување на артериите и формирање на тромби во крвта.

Дури и 5% намалување на телесната тежина може да резултира со бенефит (придобивки) за срцето. Дали сте знале дека 5% намалување на телесната тежина (што е вообичаено околу 3 – 5 килограми кај луѓе со BMI=30 (индекс на телесна маса=30)) може да го подобри времетраењето и квалитетот на сонот?

Покрај ова, постојат и многу други здравствени придобивки од намалувањето на телесната тежина за 5% - 15%.

На повеќето луѓе што живеат со дебелина тешко им е да постигнат 10% намалување на телесната тежина без соодветна поддршка. Иако не постои еден универзален третман кој одговара за сите, сепак првиот чекор за секој што сака да ослабе е да се консултира со својот лекар.

Вашиот лекар може да ви понуди неколку опции за справување со телесната тежина. На почетокот, можеби ќе побара од вас детален увид во вашата исхрана и физичка активност, иако, како и повеќето луѓе што живеат со дебелина, можеби чувствувате дека сте на диета целиот живот!

Постојат неколку други планови за третман на дебелината што вашиот лекар може да ги земе предвид. Тој може да ви предложи и:

Бихејвиорална терапија: соработка со психолог за да се идентификуваат навиките, размислувањата и емоциите коишто може да доведат до зголемување на телесната тежина и да спречат намалување на тежината.

Лекови за намалување на телесната тежина: лекарот може да ви пропише лек што ќе влијае на биолошките процеси во вашето тело и на мозокот.

Баријатрична хирургија: оперативни промени на гастричниот (желудочниот) систем со цел да ви се намали апетитот и да се поттикнат промени во вашиот метаболички систем.

Кога почнувате со намалување на телесната тежина најважно е да запомните дека не сте сами. 764 милиони возрасни ширум светот живеат со дебелина, а до 2030 година се очекува оваа бројка да порасне до 1 милијарда.

Доколку сакате да разговарате за достапните третмани за справување со телесната тежина, обратете се кај здравствен работник едуциран за третман на дебелината.

За детално читање на овој текст, погледнете на 08-09 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Мај 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>