Дебелина: Болест со многу причини којашто може да се контролира
ноември 1, 2024
Намалувањето на телесната тежина и нејзиното одржување често се смета за едноставно прашање на „внес на енергија и потрошувачка на енергија“, односно колку јадете и колку се движите. Но науката докажала дека дебелината се јавува од многу причини, a некои од нив се надвор од свесноста и контролата на луѓето што живеат со дебелината.
„Одам во сала за вежбање, јадам многу мали порции, вежбам јога, но и натаму имам прекумерна телесна тежина.
Луѓето ми велат ‘јади помалку, движи се повеќе и сè ќе биде во ред’, но навистина не е толку едноставно“.
Многу повеќе од правило за внес и потрошувачка
Едноставно кажано, само ако се храниме правилно и вежбаме на правилен начин, не би требало да имаме зголемена телесна тежина.Иако овој механизам за внес на енергија и потрошувачка на енергија е вистинит, тој претставува oгромно поедноставување и ги навредува луѓето што се засегнати од дебелина. Намалувањето на телесната тежина зависи од рамнотежата помеѓу тоа колку енергија внесуваме преку храната и колку енергија искористуваме.
Но причините за нарушената рамнотежа помеѓу енергетскиот внес и потрошувачката се сложени и варираат од човек до човек. Наместо тоа, познатите научници се согласуваат дека луѓето коишто се соочуваат со зголемена телесна тежина можеби всушност живеат со дебелината, која е хронична болест.
Исто како и многу други хронични болести, и дебелината се развива во тек на одреден временски период.
Постојат многу причини за тоа, но некои од нив се надвор од нашата свесност и контрола. Може да имаат улога и нашата лична психологија, генетиката, хормоните, нивото на стрес, количината и квалитетот на сонот, лековите што ги користиме и животната средина во којашто живееме. За ефикасно да се контролира дебелината, прв чекор е да се утврди кои се причините и како може да се решат некои од пречките затоа што причините и пречките се разликуваат од човек до човек.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци