Фармацевти
Контакт

<< Назад

ДЕБЕЛИНА: БОЛЕСТ СО МНОГУ ПРИЧИНИ КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНТРОЛИРА

декември 1, 2024

НАМАЛУВАЊЕТО НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА И НЕЈЗИНОТО ОДРЖУВАЊЕ ЧЕСТО СЕ СМЕТА ЗА ЕДНОСТАВНО ПРАШАЊЕ НА „ВНЕС НА ЕНЕРГИЈА И ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА“, ОДНОСНО КОЛКУ ЈАДЕТЕ И КОЛКУ СЕ ДВИЖИТЕ. НО НАУКАТА ДОКАЖАЛА ДЕКА ДЕБЕЛИНАТА СЕ ЈАВУВА ОД МНОГУ ПРИЧИНИ, A НЕКОИ ОД НИВ СЕ НАДВОР ОД СВЕСНОСТА И КОНТРОЛАТА НА ЛУЃЕТО ШТО ЖИВЕАТ СО ДЕБЕЛИНАТА.

„Одам во сала за вежбање, јадам многу мали порции, вежбам јога, но и натаму имам прекумерна телесна тежина. Луѓето ми велат: „јади помалку, движи се повеќе и сè ќе биде во ред“, но навистина не е толку едноставно.

За Вики Муни, мајка на три деца која живее во Шпанија, моментот кога побарала помош од лекар бил пресвртница во нејзиниот живот. Таа сфатила дека дебелината со која се соочува не е само последица на нејзиниот начин на живот туку е и хронична болест која настанала од многу причини.

Секој што поминал, дури и само мал дел од она низ што минала Вики, многу добро знае дека намалувањето на телесната тежина е тешко, а одржувањето на посакуваната телесна тежина потоа е дури уште потешко. Сепак, се чини дека е широко распространето верувањето дека луѓето што живеат со дебелина се самите одговорни за нивната состојба.

МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ПРАВИЛО ЗА ВНЕС И ПОТРОШУВАЧКА

Едноставно кажано, само ако се храниме правилно и вежбаме на правилен начин, не би требало да имаме зголемена телесна тежина. Иако е вистинит овој механизам за внес на енергија и потрошувачка на енергија, тој претставува oгромно поедноставување и ги навредува луѓето што се засегнати од дебелина. Намалувањето на телесната тежина зависи од рамнотежата помеѓу тоа колку енергија внесуваме преку храната и колку енергија искористуваме. Но причините за нарушената рамнотежа помеѓу енергетскиот внес и потрошувачката се сложени и варираат од човек до човек.

Исто како и многу други хронични болести, и дебелината се развива во тек на одреден временски период. Постојат многу причини за тоа, но некои од нив се надвор од нашата свесност и контрола. Може да имаат улога и нашата лична психологија, генетиката, хормоните, нивото на стрес, количината и квалитетот на сонот, лековите што ги користиме и животната средина во којашто живееме.

За ефикасно да се контролира дебелината, прв чекор е да се утврди кои се причините и како може да се решат некои од пречките затоа што причините и пречките се разликуваат од човек до човек.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>