Ново Нордиск Фарма ДООЕЛ
|
Намалувањето на телесната тежина и нејзиното одржување често се смета за едноставно прашање на „внес на енергија и потрошувачка на енергија“, односно колку јадете и колку се движите. Но, науката докажала дека дебелината има многу причини, a некои од нив се надвор од свесноста и контролата на луѓето што живеат со дебелина.
„Одам во сала за вежбање, јадам многу мали порции, вежбам јога, но и понатаму имам прекумерна телесна тежина. Луѓето ми велат „јади помалку, движи се повеќе и сè ќе биде во ред“, но навистина не е толку едноставно.
За Вики Муни, мајка на три деца која живее во Шпанија, моментот кога побарала лекарска помош претставува пресвртница во нејзиниот живот. Таа, исто така, сфатила дека дебелината со која се соочува не е само последица на нејзиниот начин на живот, туку е хронична болест со многу причини.
Секој кој поминал дури и само мал дел од она што го поминала Вики, многу добро знае дека намалувањето на телесната тежина е тешко, а одржувањето на посакуваната телесна тежина потоа е дури потешко. Сепак, се чини дека широко е распространето верувањето дека луѓето што живеат со дебелина се целосно одговорни за својата состојба.
Многу повеќе од правило за внес и потрошувачка
Она што популарно се вели подразбира дека само ако се храниме правилно и вежбаме на правилен начин не би требало да имаме зголемена телесна тежина. Иако овој механизам за внес на енергија и потрошувачка на енергија е вистинит, тој претставува драматично поедноставување и ги навредува оние што се засегнати од дебелина. Намалувањето на телесната тежина зависи од рамнотежата помеѓу тоа колку енергија внесуваме преку храна и колку енергија искористуваме. Но, причините за нарушената рамнотежа помеѓу енергетскиот внес и потрошувачка се сложени и варираат од човек до човек.
Наместо тоа, познатите научници се согласуваат дека луѓето што се соочуваат со зголемена телесна тежина можеби, всушност, живеат со дебелина, која е хронична болест.
Исто како и многу други хронични болести, дебелината се развива во тек на одреден временски период. Постојат многу причини за тоа, a некои од нив се надвор од нашата свесност и контрола. Нашата лична психологија, генетика, хормони, ниво на стрес, количина и квалитет на сон, лековите што ги користиме и животната средина во која живееме може да имаат улога.
За ефикасно да се контролира дебелината, првиот чекор е да се идентификува кои причини имаат улога и како може да се решат некои од препреките, затоа што причините и препреките се разликуваат од човек до човек.
За детално читање на овој текст, погледнете на 6 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АПРИЛ 2022).