Фармацевти
Контакт

<< Назад

Детоксикација на организмот по празниците

јануари 1, 2020

Дипл.фармацевт Апостолова Катерина
Аптека Хигија Фарм - Кочани

|



Секоја година празничната атмосфера не може да биде целосна без празничните специјалитети.

Но, прејадувањето и пиењето алкохол за време на празниците не влијаат само на нашата фигура, туку ги зголемуваат и вредностите на штетните материи во организмот. Црниот дроб, белите дробови, бубрезите, цревата и кожата, сите органи заедно работат за да се ослободат од токсините.

Како да им помогнеме?

Пијте доволно течности за да може преку урината да се исфрлат токсините од телото. На прво место нека биде водата, а потоа свежо исцедените цитрусни плодови или сок од алое. Заменете го кафето со зелен чај, тој содржи катехин што помага во детоксикацијата. Консумирајте органска храна богата со витамини и минерали, здрави масти (ореви и јаткасти плодови) и антиоксиданси. Овошјето и зеленчукот содржат ензими кои го олеснуваат варењето и ја подобруваат апсорпцијата на хранливите материи. Пектинот од органските јаболка се поврзува со токсините во цревата и помага за нивно исфрлање од организмот. Во исхраната вклучете ги и зелените билки бидејќи тие содржат хлорофил, природен хелат кој ги врзува токсините. Овие состојки може да ги внесете и преку додатоци на исхраната. Ограничете го внесот на храна богата со шеќери,  ограничете го внесот на кофеин и алкохол. Секое утро обидете се да направите неколку вежби со истегнување и дишење. На тој начин ќе му овозможите на организмот повеќе кислород.

Кожата е најголем орган кој треба да го прочистиме. Најдобро тоа ќе го направиме со сув пилин, со фротир, ракавица за пилинг или четка од природни влакна со коишто ќе ги отстраниме сите мртви клетки и ќе добиеме здрава и сјајна кожа. Користете органска козметика и направете топла бања со зелена глина. Глината продира преку кожата и ги извлекува токсините од организмот.

Отидете на масажаза да се ослободите од тензијата и на тој начин ќе ја подобрите детоксикацијата. И за крај спијте доволно! Телото има доста тешка работа за да ги исфрли токсините.

За детално читање на овој текст, погледнете на 8 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈАНУАРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>