Фармацевти
Контакт

<< Назад

Деца со аутизам

декември 1, 2020

|

Проф. Д-р Гордана Станковска
ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ,
УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО



Растројствата од аутистичниот спектар се манифестираат меѓу 2 и 3 година од животот, со почеста предиспозиција кај момчињата отколку кај девојчињата. Епидемиолошките студии одат во прилог на зголемување на бројот на деца со аутизам, така што преваленцата се движи меѓу 60-70 на 10.000 деца. Примарните карактеристики на аутизмот се разгледуваат во однос на способноста за комуникација, социјална интеракција, присуство на стереотипно однесување и активности. Се смета дека причината за негово настанување е од невробиолошка основа, односно специфичен неврохемиски процес на ниво на ЦНС.

Основната социјална интеракција за децата со аутизам претставува проблем. Отсуството на реакциите при изговарање на своето име, ретките контакти со поглед, одбивањето за учество во заеднички активности, отсуството на насочените гестови и говорната комуникација стануваат впечатливи во текот на раниот детски развој. Да се биде во близина на друг, да се минува времето со друг, разбирањето на погледите, емоциите, желбите и да се учествува во заемна интеракција со другите претставува задача која тешко се остварува. Не знаат како да комуницираат со другите, да играат, да склопуваат пријателство. Не имитираат, не учествуваат во групните игри, не ги употребуваат играчките креативно.

Говорот може да биде сиромашен или делумно развиен, може да го употребуваат за изразување на потребите или постојано повторуваат исти зборови. За себе зборуваат во трето лице, многу тешко ги изразуваат своите желби и наредби, не гестикулираат.

Децата со аутизам имаат проблем со апстрактното мислење, креативноста, имагинацијата, разликување на замисленото од  реалното. Полесно учат и ги памтат информациите кои се прикажани на слика кога имаат визуелна претстава за сè што слушаат и читаат. Вниманието целосно го насочуваат кон одреден објект или негов дел, пројавуваат интерес за теми кои се поврзани со симболи.

Децата со аутизам често покажуваат нефлексибилност во однесувањето и активностите. Имаат необичен начин на играње, приврзаност кон одредени предмети, необична положба на телото, начин на одење (на пр., одење на прсти), повторување исти работи или движење, плескање, лулање. Емоционалните реакции се сиромашни, ограничени при искажување  фрустрација или радост во одредени, за детето важни ситуации, често се јавуваат реакции на вознемиреност и самоповредување.

Многу често се јавува хиперсензитивност на едно или повеќе сетила – на звук, мирис, допир, боја, облик. На сензорните дразби реагираат на необичен начин, моторни маниризми со рацете или прстите кои се повторуваат или се стереотипни. Имаат потешкотии при промена на распоредот во домот или средината (се вознемируваат ако го смениме местото на играчките, ако се случи нешто неочекувано, ако одат по друг пат отколку обично).

Поддршка и препораки во однос на развојните, рехабилитациските и едукативните потреби

Децата со аутизам најдобро напредуваат  во средина која е добро позната и структурирана, која нуди соодветна индивидуална програма и со јасни дефинирани цели, а кои може да се модифицираат во зависност од способностите и потребите на детето. Затоа треба да се понудат сите можности за унапредување на нивните социјални, когнитивни и говорни способности, како и учењето на вештините на секојдневниот живот и усвојување на рутините.

При работата со децата со аутизам доминира визуелниот приод, комуникацијата со помош на симболи, структурирано подучување, модифицирање на однесувањето со вклучување повеќе стручни лица.

Најчести методи и техники кои се употребуваат се следниве:

Самата метода на PECS се состои од шест фази кои на детето му овозможуваат да:

Вообичаена материјална основа на овој состав претставуваат картички со слики или симболи кои детето ги прицврстува на  т.н. PECS плоча.

За детално читање на овој текст, погледнете на 14-15 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2020).

 

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>