Фармацевти
Контакт

<< Назад

Дијабетес – Кои се главните причини за појава на оваа болест?

ноември 1, 2023



14ТИ НОЕМВРИ - Светски ден на дијабетес
Пишува: Д-р Жарко Јанковски - Специјалист по интерна медицина и кардиологија

Според Меѓународната федерација за дијабетес, речиси 460 милиони возрасни имаат дијабетес. Се очекува до 2045 година овој број да достигне 700 милиони или 10 % од светското население. Во 2019 година бројката на луѓе со дијабетес тип 2 во најголем дел од земјите во светот се зголемила. Еден од пет луѓе над 65-годишна возраст имаат дијабетес. Повеќе од 1,1 милион деца живеат со дијабетес тип 1.

Симптоми на дијабетесот:
На почетокот симптомите тешко може да се препознаат. Некогаш е потребно да поминат 4-5 години пред да бидат забележани, причина поради која тој период од 4 до 5 години се води како претдијабетска состојба. Кога ќе се јават превите симптоми, како што е зголемената жед, тие пијат постојано вода, многу повеќе од претходно, на второ место - мократ многу повеќе и на трето место - јадат многу повеќе од претходно. Ова се ударните симптоми, а потоа се јавуваат и други во подоцнежните фази. Трите фази се полифагија, полидипсија и полиурија. Најчесто се открива преку анализа на крвта, се мери нивото на шеќерот во крвта, колкава е гликемијата.

Ако нивото на шеќерот е над 7,5 на празен желудник, во тој случај може да кажеме дека пациентот има дијабетес. Доколку не сме сигурни, може да се направи тромесечен просек и да се види. Доколку просекот е над 6,2 до 6,6, може со сигурност да кажеме дека пациентот се соочува со дијабетес мелитус. Би сакал да нагласам дека има два типа дијабетес: тип 1 и тип 2. Тип 1 се добива во младите години и тој не е наследен за разлика од тип 2, кој е наследен. Доколку пациентот има родители од кои едниот има дијабетес, мора да очекува дека постои можност еден ден да ја добие болеста.

Целиот процес може да се одложи доколку се држи диета, се внесуваат помалку јаглехидрати, тука не се мисли само на белиот шеќер, туку и на тестенини и слични производи.

Исто така, голема улога игра и физичката активност бидејќи го намалува нивото на шеќер во крвта. Освен генетиката и стилот на живот, дебелината е една од причините за појава на дијабетес. Кај пациентите со зголемена телесна тежина има еден метаболистичен синдром, кај нив се лачи повеќе инсулин, односно нивото на инсулин во крвта е зголемено.

Каде лежи проблемот?
Во ова време на дигитализација сè повеќе луѓе имаат сè помалку физичка активност. Повеќе време се поминува пред компјутер, телевизија и на телефон. Сè помалку луѓе можете да забележите дека спортуваат надвор, помалку се користи велосипед како превозно средство до работа или не се оди пеш, а сè повеќе се употребува автомобилот.

Затоа во просек имаме и поголема дебелина кај населението. Зголеменото ниво на шеќер во крвта, ако не се третира, ги оштетува како крупните садови - срцето, периферија, каротидите, така и ситните крвни садови. Може да дојде до затнување на крвните садови и да се случат непосакувани ефекти, како инфаркт, на пример. Што се однесува до ситните  крвни садови, може да ги оштети оние што се во бубрезите, очите, нервите.

Инсулинска терапија:
Инсулинската терапија може да се одложи извесен период, но не долгорочно. Сè зависи од начинот на живеење, исхраната, физичката активност. Ова се однесува откога ќе се дијагностицира покачено ниво на шеќер во крвта. Од една до една и пол година да се одложи, но не повеќе, по овој период, сепак, ќе мора да се почне со терапија.

За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Ноември 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>