Фармацевти
Контакт

<< Назад

Долго патување во автомобил со бебе е навистина стресно

јули 1, 2022



Долго патување со бебе во автомобил е навистина стресно, но ќе ви биде полесно ако се подготвите за потфатот. Ќе се заморите и од возење и до „угодување“ на бебето, но, и онака одите на одмор па ќе здивнете кога ќе стигнете на посакуваната дестинација.

Понесете сендвичи, овошје, мали пакувања на сок и марамчиња за бришење. Помага доколку вашето дете е навикнато на кекс или крекери. Но, малите деца знаат на патување да одбиваат храна каква вообичаено јадат кога се дома.

Пред седнување во автомобил морате возилото да го направите удобно и безбедно за детето. Бебето мора да има свое седиште. Држењето на дете во раце не е сигурно, дури и ако сте врзани со појас.

Во случај на несреќа можете да се повредите и вие и детето, кое во најлош случај може да ви испадне од рацете.

НИКАДЕ БЕЗ СЕДИШТЕ
Седиштата што гледаат кон задниот дел на возилото се дизајнирани за бебиња од 10 до 13 кг. Тоа е отприлика 15 месеци, но, тежината е поважна од староста. Седиштата свртени кон напред се добри за деца од 10 до 25 кг, односно до пет-шест годишна возраст. Некои седишта имаа свои ремени, а додека кај некои се користат и ремените од возилото, односно за возрасните.

Отприлика од четвртата година децата можат да се врзуваат со ремените за возрасни, но, им треба поддршка за вратот. Никогаш немојте да го ставате детето пред седиште со воздушно перниче, бидејќи ако случајно се активира може да дојде до задушување на детето.

ПРВО НАПОЛНЕТЕ ГО РЕЗЕРВОАРОТ
При топло време ставете заштита на страничните прозори. Наполнете го резервоарот пред да го ставите детето во автомобилот – посетата на бензинска пумпа е по стресна со расплакано дете на задно седиште.

Идеално би било да имате централна брава, и да можете мирно да возите знаејќи дека сите врати се заклучени.

НЕМОЈТЕ ДА СЕ НЕРВИРАТЕ КОГА ЌЕ ЗАПЛАЧЕ
Ако детето само го одврзе појасот, сопрете го возилото и повторно врзете го. Објаснете му дека неможе да продолжите ако не се врзе. Ако повторно се одврзе, повторно застанете. Немојте да ги губите живците, особено ако нешто такво се случува на автопат. Кога бебето ќе почне да плаче, сопрете го возилото кога ќе можете. Можно е на бебето да му треба одмор од возењето, а веројатно и вам. Зборувајте му, пресоблечете го и нахранете го, па повторно вратете го во седиште. Некоја нова играчка или смирувачка музика може да биде од корист.

ПЕЈТЕ И ЗБОРУВАЈТЕ
Зборувате за она што ќе го видите додека патувате, пејте или набавете играчки што не се кршат и без помали делчиња, за да неможе детето да ги проголта. Плишаните се добар избор. Немојте на децата да им давате пенкала, моливчиња или боички, бидејќи може да се повредат.

Многу деца убаво спијат во автомобил, па може да тргнете на пат кога детето е уморно, а не откако ќе се наспие.

ШТО СЕ ВИ Е ПОТРЕБНО:
• Понесете опрема за пресоблекување на бебето, најдобро е онаа мушама што не пропушта течност.
• Снабдете се со повеќе пелени, ќе ви бидат неопходни.
• Задолжително земете лигавчиња, бидејќи така нема да морате често да го пресобле- кувате бебето. Понесете ја и чинијата во која јаде и лажица
• Ќе ви биде неопходно и чиста облека, во случај детето да поврати или пелените да пропуштат.
• Играчките ќе го задржат вниманието на бебето.
• Задолжително понесете и резервен оброк. Ќе ви биде потребен и термос со топла вода за да го загреете јадењето.
• Гумените коцки им се интересни на децата.
• Средство за дезинфекција за рацете ќе ви биде од корист, исто како кутија со марамици за бебето и лигавчиња. Понесете и кеси за валканите пелени.

За детално читање на овој текст, погледнете на 28-29 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јули 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>