Фармацевти
Контакт

<< Назад

Д-р Александар и Д-р Васка Митови – Љубовта е најголем прогрес! Ексклузивно интервју

февруари 1, 2024



Денес имаме задоволство да разговараме со Митови, успешни медицински професионалци и родители на три деца. Ви благодариме и на двајцата што ни се придруживте!

Betty: За почеток, би можеле ли да споделите нешто за вашата одлука да се определите за медицината како професија и како решивте да станете доктори?

Д-р Митов: Од рана возраст бев фасциниран од сложеноста на човечкото тело и потенцијалот да имам позитивно влијание врз животите на луѓето. Ме фасцинираше биологијата како наука и нејзината совршеност, но посебен интерес ми предизвика можноста да влијаеме позитивно и превентивно, и со тоа да се истакне важноста на животниот стил за нашето севкупно здравје. Така ја одбрав медицината на животен стил.

Д-р Митова: Откога знам за себе уживам во читање книги. Дедо ми знаеше да искоментира: „Васе, ти многу учиш, треба да станеш доктор“. Изборот за студирање медицина дојде спонтано. Помагањето на другите ми правеше многу смисла, па се одлучив во таа насока да биде и мојата професија.

Betty: Можете ли да ги опишете вашите соодветни области на специјализација и аспектите од вашата работа кои најмногу гу чувствувате како награда и задоволство?

Д-р Митов: Јас ја одбрав медицината на животен стил бидејќи таа е во коренот на речиси сите состојби во медицината. Просто станува речиси неверојатно како исхраната, физичката исхрана, сонот и другите аспекти од животниот стил имаат толку големо значење, па дури би рекол и пресудна улога кога е во прашање нашето здравје.

Интересно е што ова знаење се надоградува од ден во ден и се’ повеќе се убедуваме како медицина колку се важни различните аспекти од живеењето. Најголема нагада ми е кога пациент ќе смени навики и за 3 недели ќе почне самиот да се изненадува колку се слини природните интервенции. Сите влегуваат со одредена доза на скептицизам, кој повеќе кој помалку, и тие што малку верувале на крајот се најмногу пријатно изненадени од моќта и ефектите на животниот стил.

Д-р Митова:
Се одлучив за специјализација по психијатрија како изразено моќна гранка од медицината, онаа што е суштински битна за севкупната благосостојба на личноста. Не ја знаеме моќта на болката сè додека не заболи и душата. Во таа насока ја привршувам и едукацијата по психотерапија, како моќна алатка во уметноста на лекувањето на личноста.

Betty: Урамнотежувањето на тешките кариери и семејниот живот може да биде предиз- вик. Како успевате да одржите здрава рамнотежа помеѓу работата и животот?

Д-р Митов: Дефинитивно е жонглирање, но комуникацијата и поддршката се клучни. Вложуваме свесни напори да му дадеме приоритет на нашето семејство и да одвоиме квалитетно време заедно, дури и во средината на напорните распореди. Сепак, кога човек знае што му е наважно во животот, а за мене тоа е семејството, тогаш му е полесно да носи дневни одлуки како ќе го помине денот и од што ќе скрати, а на што ќе додаде.

Д-р Митова: Самата тежина на работата има и „освестувачки“ момент. Секојдневно се соочувам со животни приказни, судбини и страдања, што несомнено имаат влијание и врз начинот на кој го водиме животот. Ме растажуваат, но и го продлабочуваат сфаќањето за живеењето, особено потенцирајќи ја потребата од благодарност. И често, во тој хаос од обврски, се учам да сум благодарна за предизвиците што ги имаме. Сè останато е логистика и организација, јас ќе земам едно дете, ти испазари и земи го другото и сл.

Betty: Вие сте родители на три деца. Како ги балансирате барањата на вашите медицински кариери со одговорностите на родителството?

Д-р Митов: Станува збор за поставување приоритети и присуство во моментот. Нашите деца се наш главен приоритет и се трудиме да го зачуваме семејното време среде нашите зафатени распореди. Денес на децата им треба уште поголем фокус од порано, мислам дека предизвиците се многу на број и едностав- но треба речиси постојан фокус со цел децата правилно да се изградат во ова проблематично време.

Д-р Митова: Одговорност е најбитниот збор. Нема поголема одговорност од родителството, особено во најкревкиот период додека се оформуваат децата како сопствени личности. Од друга страна професијата бара постојано надграду- вање на знаењето како и следење на последната наука. За среќа, кога се работи со љубов не е тешко.

Betty: Како тоа што сте родители влијаеше на вашиот пристап кон вашите медицински професии?

Д-р Митов: Родителството го менува човека од корен. Мислам дека со родителството кај нас се буди еден дотогаш скриен аспект од нашите карактери, ни дава емпатија , не’ продлабочува и ни помага подобро да се поврземе со луѓето кои бараат помош од нас во дадениот момент. Иако медицината е професија, сепак таа, за мене, во нејзината основа едно човечко битие му помага на друго, и токму тоа чувство го изострува родителството. Родителстото е голема одговорност, но пред се’ e благослов.

Д-р Митова: Децата го збогатуваат животот, го прават подинамичен, но и посмислен. За среќа истите квалитети ги дели и нашата професија, така што цело време сме во тонус. И двете се длабоки димензии во нашето постоење, иако тешки. Нема ништо позначајно, но и потешко од воспитувањето, особено во ова време на современи предизвици. Искуството од дома изразено влијае и врз секојдневното работење преку продлабочување на емпатијата кон пациентите и нивните животни предизвици.

Betty: Како вие ја негувате и храните вашата љубов?

Д-р Александар и Д-р Васка Митови: Љубовта е суштината на бракот, па и на животот, би рекле. Таа ни дава најмногу, но и бара најмногу. Бара свесно внимание, бара грижливост, бара копромиси и разбирање, меѓусебна почит и секако слобода. Сакаме да речеме дека таа на почетокот доаѓа сама од себе, но тоа повеќе е заљубеност отколку љубов. Потоа, љубовта е деликатна и нежна, и бара свесно создадени услови за да живее и напредува. Но, веројатно е така во животот со се' што вреди, бара посветување. Нам ни е особено важно примерот на љубов и почит да го оставиме и на нашите деца, и тие самите да ја почувствуваат нашата взаемна љубов.

За детално читање на овој текст, погледнете на 10-13 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Февруари 2024).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>