Фармацевти
Контакт

<< Назад

Д-р Митов: Дебелината може да го загрози здравјето на детето!

април 18, 2023



Многумина, веројатно, ќе се согласат дека дебелината кај децата не е здрава работа, но малкумина знаат дека таа може директно да го загрози животот на детето. Притоа не мислам на долгорочните последици врз здравјето, како што е зголемениот ризик за развој на дијабетес или срцева болест подоцна во животот. Не мислам ниту на психолошките трауми што едно дете ќе ги доживее по изложувањето на подбив од околината.

Зборувам за болеста на замастен црн дроб кај децата (NAFLD: Non-alcoholic Fatty Liver Disease), пишува д-р Александар Митов, магистер по здравствена екологија и влијанието на животната средина врз здравјето.

Болеста на замастен црн дроб кај децата е многу сериозна и, за жал, сѐ почеста болест. Утврдено е дека во некои земји во развој има и до 80 отсто пораст на бројот на случаите. Голема научна студија утврдила дека 53 отсто од децата со прекумерна тежина во Италија ја имаат оваа болест, 42 отсто во Грција, па сѐ до 77 отсто во Кина.

Притоа двапати почесто се засегнати момчињата наспроти девојчињата.
Болеста на замастен црн дроб подразбира спектар од нарушувања што го зафаќаат црниот дроб.

Таа се карактеризира со абнормално насобирање масти во клетките на црниот дроб, кое може да прерасне во стеатохепатитис, фиброза и цироза. Цирозата, од друга страна, може да доведе до појава на хепатоцелуларен карцином. Раните стадиуми од болеста може да бидат излекувани и црниот дроб да се врати во првобитната состојба, но, за жал, подоцнежните стадиуми не може да се излекуваат.

Затоа е особено важно болеста рано да се препознае и да се лекува.

Раното препознавање на болеста е проблем. Болеста вообичаено е тивка и не дава лесно препознатливи симптоми.

Но, постојат неколку едноставни работи, кои може да го најават нејзиното присуство. Прво, ако детето е со прекумер- на тежина, треба да се направи едноставен тест за црнодробни ензими (особено ALT) во крвта. Впрочем, кај СЕКОЕ дете со зголемена телесна тежина на возраст помеѓу 9 и 11 години треба да се направи ова тестирање.

Второ, следен едноставен и неинвазивен тест е ЕХО-преглед на црниот дроб, со цел за да се утврди дали има замастеност.

Трето, единствен начин да се докаже со сигурност присуството на болеста е со биопсија на црниот дроб. На тој начин и се утврдува до кој степен вистински е напредната штетата на црниот дроб. Терапија: клучот на терапијата се промените во животниот стил на детето.

Тоа, пред сѐ, подразбира: промени во исхраната и засилена физичка активност. Се смета дека со намалување 10 отсто од телесната тежина доаѓа до значително подобрување на состојбата на црниот дроб.

Нема други лекови или суплементи што имаат докажан ефект кај болеста на замастен црн дроб кај децата, иако неколку студии покажуваат добри резултати за витаминот Е.

За крај, вреди да се потсетиме дека дебелината кај децата е сериозен проблем, кој може да има несогледливи последици врз здравјето на детето.

Здравата храна и физичката активност се единствениот лек за оваа состојба и секој напор на родителите во оваа насока е оправдан и корисен.

За детално читање на овој текст, погледнете на 08-09 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Април 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>