Фармацевти
Контакт

<< Назад

Единствено семејство кое се занимава со манекенство – Црнокрак

мај 2, 2023



Betty: Како ја започнавте љубовната ромаса со Светле? Раскажни како започна да се создава фамилјата Црнокрак?
Мики: Се запознавме на модна ревија. Ми се јави тогаш нашиот менаџер, покојниот Марио Липша и ми кажа дека ќе имаме модна ревија во Битола и дека од оваа ревија со нас ќе настапува и Светлана тогаш Керазовска и ме праша дали можам да ја земам со мене бидејќи јас одев со мојата кола.

Јас ја знаев неа од медиумите како мисица и топ модел и онака баш ми се пресекоа нозете кога го слушнав тоа.. И се јавив, се договоривме, ја "собрав" и така заедно накај Битола не и прозборев ниту еден збор. Изгледаше дека се правам фраер, а уствари имав трема и немав храброст да потегнам некој паметен муабет.

Првиот контакт се случи дури во Битола, на самата проба, кога имаше една интересна случка. Имено, пистата по која чекоревме и на која бевме наредени за проба на дефилето почна да се руши, Светлана беше пред мене, почна да паѓа, јас ја фатив и заедно паднавме. Така и го спасив животот и ете, така започна се.

Betty: Колку време се забавувте со Мики пред да ја крунистате љубовта?
Светле: После една година врска Мики ме побара за жена.

Betty: Колку изложеноста на секојдневиото со жените ви предизвикуваа пробле во бракот со Светле?
Мики: Нема никакви проблеми во тој поглед, тоа е дел од мојата работа со која Светлана е комплетно запознаена. Впрочем и таа е дел од Модното студио Црнокрак и заедно работиме.

Betty: Колку убавината можела да ви овозможи бенефит но и штета?
Светле: Да бидам искрена убавината повеќе ми овозможила предности во секојдневниот живот, отколку штети. Како познато медиумско и лице од модниот свет факт е дека секаде те препознаваат и си привилигиран, почитуван, но понекогаш тоа мене лично и ми пречи, од причина што сепак си јавно лице и без разлика на околностите треба секогаш да бидеш среден и позитивен, а има денови кога едноставно не ти е ден.

Betty: На овогодишниот Фешан Вик излеговте заедно како модели, колку често натапувате заедно?
Светле: Колку често настапуваме зависи од самата модна ревија и брендот, нормално не зависи од нас. Порано кога бевме активни на модните писти, букавално настапувавме секогаш кога се рекламираше машка и женска колекција на истата ревија.

Betty: Кој е балансот и успех за храмоничен брак?
Светле: Толеранција, љубов, разбирање, поддршка и добра организираност.
Мики: Рецепт за успешен брак е кога двајцата што повеќе од овие компоненти ќе успеат да ги спојат во целина: меѓусебната љубов, почит, искреност, разбирање, компромис, помош, совет, критика, пофалба.

Betty: Запливавте по чекорите на мама и тато, се закитвте со титула Мис на Фотогеничност на Мис Европа 2023. Од кого повеќе учите за манекнските води од тато или од мама, кој ви е пример?
Моника: Секако дека и двајцата, не само во манекенските води туку и наши животни примери. Кога се работи за мода, стил, совет нормално е како женско да се следи повеќе мама, но долгогодишното искуство на тато е секогаш добредојдено и применето.

Betty: Дали може да ни раскажете за вашата втора пасија а тоа скиањето, од кога до кога во годината скијате?
Мики: Скијањето е наша навистина голема пасија, особено моја.
Често знам и сам да отидам на некоја од планиниве па и на еден ден, дури и на неколку часа, штом видам дека е убаво времето.
Навистина ништо не може да ме спречи. Моите најблиски тоа го знаат и ако некој од нив посака да дојде со мене ок, ако не, како што кажав, тргам сам. Скиите и останатата ски опрема се спремни во секој момент од првиот снег во ноември - декември, па се до април или мај, зависи до кога има снегза скијање. Еве оваа година во април паѓа снег како да е јануари и сезоната ќе биде значително продолжена.
Светле: Јас скијам уште од мали нозе. Бидејќи сум од Гостивар, уште како деца на зима постојано одевме во нашето Маврово и скијавме. Така и си продолживме и со Мики, па и нашата пасија ја пренесовме и на децата. Го сакам скијањето и некако не би можела да замислам да одам во зима на планина, а да не скијам..некако тоа ми е својствено.

Betty: Како ја одржувате витката става и младелашкиот изглед?
Мики: Рецептот е многу едноставен, барем за мене: Здрава храна секојдневно, во комбинација со неколку спорта барем 3-4 пати неделно, во текот на целата година
Светле: Јас често пати околу оваа тема велам во животот мој сум била повеќе гладна отколку сита. Мислам дека сите можни диети сум ги испробала, но сепак ќе кажам дека суштината не е во гладување, туку во конзумирање на здрава храна и физичка активност. Кога се сака се сè може. Се трудам да најдам време за себе и со добра рганизираност го правам тоа. Возам велосипед, пешачам, на зима скијам, на лето пливам, уживам во здрава храна, а и истата ја подготвувам и дома. Многу овошје и зеленчук и практикувам немешање на протеини со јаглехидрати.

Betty: Што сака нина да биде кога ке порасне? Дали има амбиција да заследи пример од мама, тато или дада?
Мики: Нина како што расте секоја година има различни желби за тоа што сака да биде кога ќе порасне. Сега во моментов има желба да биде астронаут. Инаку по стапките на мама и тато оди од малечка. Има неколку дипломи за завршен курс за манекени и модели (кај мама се разбира), снимано повеќе реклами, учествувано на повеќе модни ревии, што значи дека Нина е активна во модниот свет уште од 5години и навистина го сака и со љубов го прави тоа.

За детално читање на овој текст, погледнете на 10-13 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Мај 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>