Фармацевти
Контакт

<< Назад

Ексклузивно интервју на Влатко Стефановски и Јан Стефановски

ноември 1, 2022



BETTY: Како изгледаше вашата летна турнеја?

Влатко: Летото беше долго, исполнето со многу патувања и концерти на разни фестивали, отворени сцени, и на прекрасни историски локалитети. Многу концерти со моето трио, со Мирослав Тадиќ, со Ансамблот Танец, со Академскиот Оркестар на акордеонисти од Крагуевац. Нашата летна турнеја започна на 3-ти јуни, а дури сега ја заокруживме со концертот во Никшиќ на 10 октомври. Ова беше долго и топло лето, со многубројни концерти и аплаузи.

BETTY: Како рерагира странската публика на македонскиот мелос.

Влатко: Мојот израз сепак е комбинација од рок, џез-рок, фоклор и што ли уште не. Не прифаќам да бидам сместен ниту во една фиока. Си ја давам слободата да истражувам и да си играм со различни музички жанрови и стилови. Публиката добро реагира кога ќе препознае нешто автентично и добро. Не се обидувам по секоја цена да им се допаднам и да измамам аплаузи.

Знам дека тоа што го правам е вредно и оригинално. Мојата идеја е од вечер на вечер да биде се подобро и подобро и пооригинално.



BETTY: На што се должи вашата вечна младост и виталност.

Влатко: Немојте да судите за книгата според корицата, вели една стара мудрост. Имам и сум имал разни здравствени проблеми и предизвици. Сепак се трудам во се да бидам умерен. Во јадење, пиење, шетање. Сепак и редовните контроли не се на одмет. Како велат, чувај се, за Господ да те чува.

BETTY: Кога ја почнувате турнејата низ Америка, и каде се ќе настапувате?

Влатко: Заминувам за некој ден, би требало да е интересно. Чикаго, Њу Јорк, Бостон, Лас Вегас, Лос Анџелес, Сиетл, Монтреал, Торонто. Не ми е прв пат, ама секое летање преку големата бара, си носи една посебна возбуда. Средби со пријатели, со стари и нови фанови, настапи на нови сцени, густи распореди, многу патувања, нови ресторани, гитарски продавници итн.



BETTY: Како Ви се роди љубовта кон тапаните кога дома сте биле опкружен со гитари?

Јан: Сметам дека љубовта кон тапаните ми е вродена. Паметам уште како многу мал кога татко ми правеше проби во неговото студио јас не гледав во никој друг освен во тапанарот и тапаните. Нешто во тој инструмент ме фасцинираше уште од најмали нозе. До ден денес таа привлечност ме држи и секојдневно работам на тоа да станам еден од подобрите.

BETTY: Дали вашиот татко ве советува за тапани или општо за музика?

Јан: Со оглед на тоа што веќе 3 години свириме и настапуваме заедно, можам да кажам дека имам многу научено околу тоа како изгледа животот на еден музичар. Се имаме соочувано со разно - разни пречки, технички проблеми, одложени концерти, итн., но, сѐ тоа спаѓа во искуство за кое сум многу благодарен. Кога доаѓа до советување, јас и татко ми контантно си зборуваме за музика, музичари, инструменти, концерти и останати слични теми, тие муабети секако содржат совети, од мене и од него.

BETTY: Велат дека сте виртуоз на тапаните како што вашиот татко е на гитара. Дали се стремите кон тоа да станете исто толку, ако не и повеќе популарен?

Јан: Популарноста никогаш не ми била, ниту ќе ми биде приоритет. Се занимавам со музика и со тапани бидејќи уживам во тоа и воопшто не ме засега дали ќе го надминам татко ми со популарност или не.

Секако дека имам за план да се занимавам со музика и понатаму во мојот живот, но колку ќе бидам експониран во јавноста и колку ќе бидам познат ширум светот ќе оставам тоа само да се открие.

„Ништо не сакам да притискам, ништо не сакам да форсирам, ако заслужувам популарност, самата ќе си дојде.“
- Јан Стефановски



За детално читање на овој текст, погледнете на 10-12 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Ноември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>