Емилија Спасовска Мојсовска
магистер по нутриционизам
|
Нашето тело во утринските часови има најголема потреба од енергија и надополнување на резервите, поради тоа е важно да внесеме нутритивно квалитетна храна која на правилен начин ќе го одржи организмот витален и здрав, затоа велиме дека утринскиот оброк треба да биде најважниот оброк во денот.
Витамините, минералите, протеините, јаглехидратите и антиоксидантите треба да бидат составен дел не само за појадокот, туку и во текот на целиот ден.
Многу често луѓето се прашуваат кој оброк би можел да биде лесен за подготовка, да биде здрав и корисен, притоа да не ја наруши телесната тежина.
Моите предлози за утрински оброци кои брзо се подготвуваат и имаат благотворно дејство на организмот се следните:
- Протеинско смути
- 1 банана
- 3 до 5 јајца од потполошка
- 1 лажица какао
- 1 лажица рогач
- 1 лажица мед
- ½ авокадо
- 200 мл оризово млеко
- 80 г црвени шумски плодови (вишни, цреши, рибизли)
Оваа комбинација на протеински оброк подготвен во блендер ќе му обезбеди доволно енергија на организмот и ќе ја обезбеди потребната количина на витамини и минерали.
- Овесна каша со ленено семе, урми и бадеми
За овој оброк се потребни:
- 80 г овес во зрно
- 150 мл растително млеко
- 1 лажица ленено семе
- 4-5 суви урми
- 50 г бадеми
- 1 лажичка маџун или мед
Сварете го овесот на тивок оган, откако ќе се свари додајте го млекото и оставете го да отстои 5-10 минути, потоа додајте ги лененото семе, урмите, бадемите и медот и кашата е подготвена.
Оваа каша ги обезбедува потребните дневни колични на витамини минерали, како и растителни влакна.
- Каша од киноа и тиква
- 80 г киноа
- 2 парчиња варена тиква
- 1 лажица мед
- 1 мала лажичка цимет
- 50 г сечкани ореви
- ½ лажичка рендан ѓумбир
Ставете ја киноата да се вари на тивок оган, откако ќе се свари оставете ја да се излади, потоа додајте ја претходно сварената тиква, измешајте убаво и додајте ги медот, оревите и ѓумбирот.
Овој појадок богат со антиоксиданти, витамини и минерали ќе му обезбеди на телото доволно енергија и ќе му помогне во процесот на исфрлање на токсините.
За детално читање на овој текст, погледнете на 30-31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (НОЕМВРИ 2021).