Фармацевти
Контакт

<< Назад

Епилепсија и Cannabidiol (CBD)

јуни 1, 2024



Дефиниции- Според најновата класификација на ILAE (Интернационална лига за борба против Епилепсија) од 2017 год. Епилепсијата се дефинира како заболување на мозокот кое се карактеризира со повторувачки конвулзии. Конвулзии се минливи промени кои настануваат како резултат на неконтролирана електрична активност во мозокот на нервните клетки или неврони, кои доведуваат до привремени абнормалности  во мускулниот тонус и движењата, однесувањето, сензациите или состојбата на свесност.  Повеќето напади кај децата се предизвикани од соматски нарушувања, како што се висока температура, инфекција, траума на главата, хипоксија, токсини или срцеви аритмии.

Епидемиологија-Нападите се вообичаени кај педијатриската возрасна група и се јавуваат до 10% од децата. Помалку од една третина од нападите кај децата се предизвикани од епилепсија. Инциденцата на детска епилепсија е 1% до 2%.

Етиологија-Епилепсијата е единствена состојба бидејќи нејзината причина е целосна мистерија во околу 50% од случаите. Во останатите 50%, потенцијалните причини најчесто се поврзани со дисфункција во мозокот. Во зависност од возраста на заболениот во моментот на нивниот прв напад, епилепсијата може да биде предизвикана од низа абнормалности, болести и повреди. Вообичаени причини за епилепсија кај новородените бебиња се развојни проблеми за време на бременоста, компликации при раѓање или употреба на дрога од страна на мајката. Децата може да развијат епилепсија како резултат на инфекција или повреда на главата. Понекогаш, нападите може да бидат знак за тумор на мозокот, иако тоа е ретко кај сите возрасни групи. Дел од децата со аутизам страдаат и од епилепсија. Епилепсијата што се појавува кај постарите возрасни е поверојатно да биде резултат на злоупотреба на дрога и алкохол или мозочни заболувања како што се енцефалитис и менингитис.

Епилептичен статус-кога генерализираниот тонично-клоничен напад трае повеќе од 5 мин., фокалниот повеќе од 10 мин., а апсанс нападот трае 10-15 мин.

Резистентна епилепсија-кога епилептичните напади не се добро контолирани и покрај употребата на 2 антиепилептици. Важно е рано да се идентификуваат децата со епилепсија која е резистентна на лекови, за да може да се започне соодветно менаџирање на состојбата, се со цел да се ублажат многу од негативните последици од повторливи напади и да се подоби квалитетот на живот и на пациентите и на нивните семејства. Други фактори за развој на отпорност на лекови може да бидат : голем број (фреквенција) на напади во раната фаза на нарушувањето и присуство на позната, често структурна причина за епилепсијата, особено хипокампалната склероза.

Покрај соодветна медикаметозна терапија кај децата со резистентна епилепсија се применува кетогена диета, маслото од канабис, а во некои случаи и неврохируршки зафати.

Cannabidiol (CBD)- Најмалку 100 видови канабис содржат соединенија познати како канабиноиди. Канабиноидите произведуваат повеќе од 100 природни хемикалии, од кои најзастапени се Δ-9-тетрахидроканабинол (THC), канабидиол (CBD), терпени и флавоноиди. THC и CBD се врзуваат со канабиноидните рецептори (CB1 и CB2), кои се присутни во мозокот и многу други органи. Начинот на администрација влијае на фармакокинетиката на CBD. CBD има висока липофилност, брзо се дистрибуира во мозокот, масното ткиво и другите органи. Има мала растворливост во вода и апсорпцијата води до променлива фармакокинетика ако CBD се дава во капсули. CBD дадена во маслени производи и со орално-мукозна/сублингвална испорака преку спрејови или пастили има помала варијабилност. Полуживотот на CBD се проценува на 18 до 32 часа. Фармаколошките ефекти на CBD во ЦНС  не се сè уште целосно разјаснети. И покрај тоа, неодамнешните научни истражувања во врска со примената на состојки добиени од канабис во различни невролошки нарушувања, ја покажуваат важната улога на CBD во ЦНС.

На 25 јуни 2018 год., Агенцијата за храна и лекови на САД (FDA) одобри канабидиол (CBD) орален раствор за третман на напади поврзани со два синдрома на епилепсија - Ленокс-Гасто синдром и синдром Дравет - кај луѓе на возраст од две години или постари.

Во нашата земја постои регулатива која одобри употреба на канабис за медицински цели, а за среќа постојат и домашни производители на чист CBD екстракт во различни коцентрации, во форма на капки и спрееви, се со цел да овозможат третман и постигнување на соодветни резултати кај различни групи на пациенти.

За детално читање на овој текст, погледнете на 20 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јуни 2024).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>