Фармацевти
Контакт

<< Назад

Есенски рецепти за поттикнување на имунитет

октомври 1, 2022



Овесни палачинки со спанаќ

Состојки:
• 1 чаша овесни снегулки – ако сакате да се помазни палачинките можете во блендер да ги сомелете како брашно
• ¼ чаша маслиново масло
• 1 мала главица кромид
• Неколку листови спанаќ – можете да ставите и повеќе
• 2 јајца
• Зачини по желба: сол, црн бибер, оригано.
• ½ прашок за пециво (може да го замените со малку сода бикарбона)

Начин на подготовка:
Ставете ги во блендер овесните снегулки и направете убаво брашно од нив. Во блендер ги соединувате и другите состојки: јајцата, маслото, спанаќот и кромидот. Кога ќе добиете убава хомогена смеса, истурете ја врз снегулките и убаво соединете. На крај додадете го прашокот за пециво или сода бикарбоната и зачинете по ваша желба. Може да додадете хималајска сол, црн бибер и оригано.

Печете на загреано тавче за палачинки без масло. На крај можете да ги комбинирате со што сакате. Јас направив мини сендвичи со малку сенф, рендано сирење (може кашкавал), парче домат и неколку кругови пиперка.

Сендвич од наут, авокадо и брусница

Состојки:
• 420g конзервиран или варен наут
• 1 големо зрело авокадо
• 2 лажици сок од лимон
• ½ шолја суви брусници
• 6 парчиња леб
• Малку свежа рукола
• Сол и бибер

Начин на подготовка:
Изгмечете го конзервираниот или варен наут, па потоа додајте го авокадото и мешајте додека не добиете густа паста. Додајте ги брусниците, сокот од лимон, сол и бибер по вкус и добро измешајте. Потпечете го лебот и намачкајте со смесата. Наредете неколку ливчиња рукола и покријте со второ парче леб.

Салата од јаболка, калинка и бадеми

Состојки:
• 6 шолји зелена салата
• 1 шолја бадеми
• 2 јаболка
• ½ шолја фета сирење
• ¾ шолја семки од калинка

Начин на подготовка:
Исечете ги јаболката на коцки, помешајте ги со зелената салата, бадемите, фета сирењето исто така исечено на коцки и семките од калинка. На крајот пропрскајте со лимонов сок или оцет, а по желба може да ставите и малку мак. Промешајте и на здравје!

Сладок тост со мед и лешници

Состојки:
• 3 лажици лешници
• 1 лажичка маслиново масло
• 2 парчиња интегрален леб
• 3 лажици павлака
• 2 лажици мед

Начин на подготовка:
Исечкајте ги лешниците и прелијте го со маслиновото масло. Оставете го да отстои. Павлаката премачкајте ја врз парчињата леб, а потоа додајте ги лешниците, па прелијте со мед.

За детално читање на овој текст, погледнете на 30-31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Октомври 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>