Фармацевти
Контакт

<< Назад

Есенски рецепти со тиква

ноември 1, 2022



1. ПОГАЧИ СО ТИКВА И СИРЕЊЕ

Состојки:
• три шолји брашно • малку сол • јогурт • масло • едно јајце • три шолји месо од тиква • едно печиво

Подготовка:
Измешајте го брашното со печивото, па додајте малку масло или путер. Во смесата додајте едно изматено јајце, пирето од тиква и јогуртот. Од тестото формирајте мали погачи со чаша и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени 15-ина минути. Месото од тиквите исечете го на коцки и малку пржете го на масло, па ставете го одозгора врз погачите. Додајте и парчиња сирење и послужете како предјадење.

2. КРЕМ-СУПА ОД ТИКВА

Состојки:
• 300 гр тиква • малку масло • пилешко месо • мускатно оревче • сол и бел бибер

Подготовка:
Тиквата исечете ја и запржете ја малку на загреаното масло. Зачинете и полека добро изгмечете ја. Кога целосно ќе омекне, ставете ја во блендер и додајте ги преостанатите работи заедно со малку топла вода и имате совршена крем-супа за сечиј вкус.

3. ПИТА ОД ТИКВА СО ЦИМЕТ

Состојки:
• 250 гр брашно • 120 гр путер • три јајца • една лажица вински оцет • малку вода • 400 гр печена тиква • една лажица цимет • 100 гр шеќер • малку сол • ѓумбир • мускатно оревче • 250 мл слатка павлака

Подготовка:
Во еден сад ставете 250 грама брашно и една лажица сол. Исечете околу 120 грама путер на коцки и додајте го во смесата. Во друг сад измешајте едно јајце, една лажица вински оцет и малку вода. Оваа смеса додајте ја во садот со брашно и мешајте да добиете еднолично тесто. Оставете го половина час во фрижидер. Во еден голем сад ставете две јајца, додајте 400 грама печена тиква, една лажица цимет, 100 грама шеќер, малку сол, малку ѓумбир и мускатно оревче. Во садот ставете и 250 мл слатка павлака и мешајте додека не добиете еднолична смеса. Во сад за печење ставете го тестото од фрижидерот, па одозгора истурете ја оваа смеса и печете на 175 степени од 30 до 40 минути.

За детално читање на овој текст, погледнете на 30 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Ноември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>