Фармацевти
Контакт

<< Назад

Заглавени (импактирани) заби

февруари 1, 2021

д-р Катерина Николовска
доктор на стоматологија
специјализант на ортодонција
ИН ДЕНТ ФЕМИЛИ ДЕНТАЛ

|



Импакција на заб (заглавен заб) претставува неуспех во појавувањето на одреден заб во устата, вообичаено поради недоволно простор или поради присуство на друг заб кој го блокира патот на еруптирање (никнување). Импакцијата понекогаш се појавува без очигледна причина (идиопатски). Понекогаш забот може да е парцијално (делумно) импактиран, што значи дека  еден негов дел се гледа во устата.

Честопати импактираните заби не предизвикуваат очигледни симптоми и се откриваат при рутинска РТГ дијагностика кај вашиот стоматолог.

Во други случаи импактираните заби може да предизвикаат: црвени, отечени и крвави непца, лош здив, лош вкус во устата, тешкотии или болка при отворање на устата, при џвакање или одгризување.

Во отсуство на ерупција (никнување) на одреден заб во неговиот „рок на никнување“, мора да се претпостави дека нешто не е во ред.

Временскиот период на никнување на поединечни трајни заби е следниот:

Овој метод на корелација на хронолошката возраст со возраста на ерупција на одредени заби кај детето не е сигурен. Времето на никнување на забите како и редоследот се варијабилни, што е нормална појава, бидејќи зависат од индивидуалните наследни и локални фактори.  Затоа, поверодостојна метода е РТГ дијагностика на која се гледа „денталната возраст“ на детето.

Забите вообичаено никнуваат кога две третини или три четвртини од должината на нивните корени се формирани. Во многу случаи, некои заби може да изникнат пред своето време поради рано губење на нивните млечни претходници. Слично, во многу случаи пролонгирање на никнувањето се случува поради задоцнето расклатување на млечните заби. Најчесто, по вадењето на предолго задржаниот нерасклатен млечен заб од страна на стоматологот, неговиот траен заменик е очекувано нормално да изникне, дури иако тоа се случи малку подоцна.

Импактиран заб се дефинира како траен заб чиј корен е подолг од три четвртини од неговата очекувана конечна должина и чие спонтано никнување не се очекува во догледно време.

Најчесто импактирани заби претставуваат третите молари (осмици), вообичаено поради нивната локација во однос со должината на денталните лакови, односно поради недоволен  простор за нивно сместување. Ова настанува како резултат на тоа што во времето на никнување на осмиците веќе е завршен растот на вилиците.

Помалку вообичаена е импакцијата на трајниот горен канин (песјак), застапеноста на оваа појава е 1-2 % кај повеќето популации. Но, далеку е поважно да се третира поради неговата позиција во предниот дел во устата, што е од голема важност за изгледот на индивидуата.

Појавата на импактирани централни горни инцизиви (единици) во генералната популација за среќа е најретка, со оглед на нивната улога во целокупниот изглед на индивидуата.

Доколку коренот на забот е доволно формиран за никнување, но тоа изостанува и не се очекува во разумно време, тогаш на забот му е потребно потпомагање при неговото појавување во устата и би требало да се започне со третман.

Од голема важност е превенцијата и раното дијагностицирање кога се во прашање заглавени заби, поради тоа за секој сомнеж во однос на никнувањето на забите кај вашето дете би требало да се обратите кај вашиот ортодонт.

 За детално читање на овој текст, погледнете на 24-25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ФЕВРУАРИ 2021).

 

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>