Фармацевти
Контакт

<< Назад

Зачудувачки рекорди поврзани со виното

февруари 1, 2022

фев-2022

  1. Најстарото вино


Во археолошките локалитети Гадачрили Гора и Шулаверис Гора, јужно од Тбилиси во Грузија, се пронајдени најстарите капки вино. Хемиските докази за виното датираат од 6000 – 5800 пр.н.е. (раниот неолит) и се добиени од остатоци од античка керамика. Остатоците од виното се извадени од тегли со голем капацитет, кои веројатно се користеле за ферментација и складирање. Овој пронајдок ни укажува дека винарството и веројатно лозарството биле познати пред околу 8000 години.

  1. Најголемиот настан за дегустација на вино


Најголемиот настан за дегустација на вино кој вклучува 5 095 учесници е одржан на 15 септември 2006 година во Плаза де Торос во Аранда Де Дуеро, Шпанија.

  1. Најголемата чаша за вино


На 21 април 2012 година во Хал Корми, Малта, е претставена и измерена најголемата чаша за вино. Чашата е со висина од 3,87 м (12 стапки 8 инчи) и 2,04 м (6 стапки 8 инчи) во најшироката точка. Создадена е од Кумитат Фести Естерни Сан Горг Хал Корми (Малта).

  1. Најмало шише вино – малопродажба


Стив Клајн од Klein's Designs, Енцино, Калифорнија, САД, произведува рачно издувани минијатурни шишиња за вино. Во 1999 година ги има изработено најмалите шишиња за вино со висина од 3,4 cm (1,37 инчи), секое затворено и означено за да покаже дека содржи 0,75 ml (0,026 оз.) убаво вино.

  1. Најскапото вино продадено на аукција


На 13 октомври 2018 година во Соединетите Американски Држави (Њујорк) е продадено најскапото вино на аукција. Шишето „Romanée Conti” од 1945 година Domaine de la Romanée-Conti, е продадено за 558.000 долари (422.801 фунти; 481.976 евра) со вклучена премија, аукција од Sotheby's во Њујорк, САД.

  1. Најмногу чаши за вино задржани во една рака


На 24 октомври 2007 година во ресторанот Quatre-Gats во Барселона, Шпанија, е изведен рекордот за најмногу чаши за вино задржани во една рака. Рекордот е направен од Рејмонд Адина (Филипини) кој задржал 39 чаши во левата рака. За келнерите во Барселона голема гордост е бројот на држени чаши во една рака, многу од келнерите во тој регион се вешти и да носат по десетици чаши без да ги скршат.

  1. Најстариот дрвен сад за вино


Во Германија (Тубинген) е стациониран најстариот дрвен сад кој се вика ризенфас и е произведен во Тибинген, во 1549 година. Дрвениот сад првично бил во сопственост на Улрих, војводата од Виртемберг, и се наоѓа во визбата на замокот Хохентубинген.  Садот во текот на неговата историја првенствено е користен за складирање  вино и сопственоста врз садот е пренесувана на различни кралски личности од покраината Виртемберг. Моментално е во сопственост на покраината Баден-Виртемберг.

За детално читање на овој текст, погледнете на 32 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ФЕВРУАРИ 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>