Фармацевти
Контакт

<< Назад

Здодевната кашлица и неизбежното аерозагадување

јануари 1, 2020

д-р Јасна Јермилова - педијатар
ПЗУ Медика МИМ

|

Загадениот воздух често се нагласува како причина за појава на кашлицата. За жал, во повеќе региони од нашата држава, нивото на загаденост на воздухот ја надминува максималната вредност.



Аерозагадувањето се состои од микроскопски честици кои се многу мали и лесно допираат до белите дробови, предизвикувајки сериозни здравствени проблеми. Честичките имаат различни форми и големини;

Слободно можеме да кажеме дека и двата вида на честички се опасни по човековото здравје, но поради фактот што може да навлезат длабоко во белите дробови, ПМ 2,5 честичките се голем предизвикувач на респираторни проблеми и имаат канцерогени својства. Појава на кашлица, отежнато дишење, неправилна работа на срцето, влошување на состојбата со хроничните белодробни заболувања се неколку од предизвиканите негативни појави поврзани со аерозагадувањето.





Децата, хронично болните пациенти и повозрасните лица се многу чувствителни на лошиот квалитет на воздухот. Дури и ако сме потполно здрави, долготрајната изложеност на аерозагадувањето може да доведе до привремени симптоми. Затоа, употребата на адекватни маски со голема апсорптивна моќ на ПМ 2,5 има огромно значење. Не испуштајте ги редовните прошетки во природа каде воздухот е помалку загаден и никогаш не користете хируршки маски за заштита.

Децата како најранлива категорија треба да бидат максимално заштитени од аерозагадувањето.

Зошто се најранливи?

Децата се пониски за разлика од возрасните луѓе и затоа се поблиску до загаденоста предизвикана од автомобилите кои се меѓу главните извори на штетните честички.

Детските бели дробови се неколку пати помали и тоа практично справувањето со големи количини на нечистотии го прави речиси невозможно.

Потребно е време за детскиот имунолошки систем да се развие целосно. Поради нецелосно развиениот имунитет, вирусите и бактериите се шират многу полесно и децата често се разболуваат поради комбинацијата со хронична иритација која е предизвикана од штетните честички.

Кашлицата како еден од најчестите појави во овој период од годината претставува ненадеен и експлозивен симптом кој може да биде периодично повторувачки. Таа е појава која се јавува како рефлекс на самото тело, кое се обидува на системски начин да ги отстрани иритирачките честички што се наоѓаат во воздухот кој го дишеме или да го исфрли вишокот слуз од дишните патишта.

Кашлањето не се смета за болест, туку е симптом предизвикан од одредена појава.

Разликувајте ги видовите на кашлица:

Еден од индикаторите со кои што може да ги разликуваме кашлиците е самото времетрање. Според должината на траењето на кашлицата, таа може да биде:

Други параметри по кои што може да ја разликувате кашлицата се карактеристиките и квалитетот на кашлицата. На тој начин, може да се забележи;

Доколку имате сува кашлица, тогаш таа ќе биде надразителна и нема да имате искашлување на слуз. Овој вид на кашлица најчесто се јавува со чувство на гребење во грлото, го пореметува сонот, го намалува апетитот и го изморува целиот организам. Сувата кашлица е карактеристична особено при алергиски заболувања, вирусни инфекции на горниот респираторен тракт, рефлуксна болест (киселини во желудникот), при престој во простории со сув воздух или пак при контакт со аерозагадувањето.

Влажната кажлица се карактеризира со создавање на слуз со различна густина кој тешко се исфрла и го отежнува дишењето. Најчесто, овој вид на кашлица се јавува при вирусни и бактериски инфекции на дишното стебло, туберкулоза, заболување на бронхиите, заболување на мукозните жлезди, ХОББ (хронична обструктивна белодробна болест) или пак при неподносливост на одредени лекарства (АЦЕ инхибитори).

Пореди поголемата чувствителност кон вируси и бактерии, кашлицата во детската возраст е чест симптом. Доколку вашето дете кашла од 3 до 5 дена, тоа не е загрижувачки, бидејќи таа може да биде појава која претставува последица на блага вирусна инфекција. Пролонгираните кашлици подолги од 3 недели бараат адекватен пристап, дијагноза и третман.

Хорничната кашлица кај децата најчесто е последица на алергиско заболување, хронично заболување на крајниците со хипертрофија, рефлуксна болест (ГЕР) или пак болест на мукозните жлезди (цистична фиброза).

Кај децата, особено на почеток, кашлицата е најчесто сува и надразнителна, но со тек на времето иритираната слузница почнува да лачи слуз и така кашлицата станува продуктивна. Децата до 5 години при искашлување го голтаат секретот, бидејќи рефлексот за искашлување се развива во текот на шетата година.

За време на лекувањето муколитиците и секретолитиците претставуваат помошни препарати кои што ја омекнуваат и разградуваат секретот.

Запомнете дека не треба да ја лекуваме кашлицата, туку основната болест која е причинител за истата.

За детално читање на овој текст, погледнете на 6-7 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈАНУАРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>