Фармацевти
Контакт

<< Назад

Здрава исхрана во третото доба

ноември 1, 2023



Пишува: Калина Сливовска-Андонова

Добрата исхрана е важна за здравјето и може да го поддржи закрепнување од секоја болест, па и од КОВИД-19 за кој има написи дека го има во некоја нова мутација.

Јадењето разновидна храна може да ја подобри општата благосостојба, но и да го намали ризикот од болести, вклучувајќи срцеви заболувања, мозочен удар, некои видови рак, дијабетес и остеопороза (разредување на коските) и да ви помогне да управувате со вашата тежина. Ова е само општ совет, но ако имате медицинска состојба која бара посебна диета, на пример, дијабетес, бубрежна болест или заболување на црниот дроб, побарајте повеќе совет од вашиот лекар.
Тој може да ве упати кај диететичар за дополнителна поддршка доколку е потребно. Но што треба да содржи здравата исхрана?

За да имате здрава исхрана, треба да јадете храна од четирите главни групи на храна:
• Јагленихидрати: тестенини, леб, компири…
• Овошје и зеленчук: јаболки, цитрони, ореви, бобинки, тиква, зелка, цвекло…
• Храна со висока содржина на протеини: пилешко, риба, грав, мешунки, леќа…
• Млечни производи: млеко, јогурт, урда, посно сирење и друго.
При тоа не заборавајте дека секогаш подобра е свежата храна во однос на замрзнатата иако многу често од разни причини консумираме и замрзната.

Ако не ги знаете придобивките запрашајте се зошто свежата храна е поскапа и повкусна? Одговорот е: затоа што таа ги содржи сите хранливи материи, а губи некои од витамините кои се многу важни за чување на вашето здравје и ако сте биле болни за вашето што побрзо оздравување.

И кога сме кај замрзнатата храна, ако веќе сте ја одмрзнале немојте повторно да ја замрзнувате и да ја јадете. Купувајте свежо месо онолку колку што ви треба и консумирајте го без замрзнување. И незамрзнатата храна не е препорачливо да се подгрева особено ако станува збор за пилешкото месо и рибата. Пилешкото месо се препорачува да не се подгрева особено во микробранова печка, чија топлина не навлегува во сите делови од месото, но главната причина поради која не се препорачува да се подгрева е фактот што има поголема густина на протеини од црвеното месо, кои штом ќе се подгреат се разложуваат поинаку и покрај тоа што нема да ги добиете потребните бенефиции од протеините, може да си направите проблеми и во стомакот.

Затоа трудете се да купувате свежо пилешко месо и свежа риба и зготвеното по можност јадете го во истиот ден. Кога сме кај исхраната важно е да го имаме предвид и следното: храната е повеќе од лек. Одредени видови на храна и чаеви ја подобруваат здравствената состојба и нашиот имунитет некогаш и подобро од лековите. Затоа сè повеќе на фармацевтскиот пазар се препорачуваат лекови и суплементи на природна база кои содржат калинка, рузмарин, жалфија, ехинацеа, спирулина… Се разбира дека тие не можат да заменат одредени лекови, но доста помагаат особено како превентива, а во некои случаи и како лек. Исхраната е важна во секој дел од животот, но особено е важна во третото доба кога организмот е на некој начин изморен, кога одредени органи поспоро работат, кога начинот на живот и навиките се сменети. Нутриционистите советуваат лесна исхрана базирана на зеленчук и овоштие, млечни производи, јајца, а од месо пред сè свежото пилешко месо и свежата риба. Како и да е исхраната треба да биде со умерени оброци, содржината зависи и од болестите кои се присутни особено хроничните како што се: дијабетесот, срцевите заболувања, високиот крвен притисок, болести на простатата, на дишните патишта и друго, болести кои со годините стануваат сопатници на старите луѓе и со кои треба да се научиме да се справуваме и другаруваме за да си го продолжиме здравјето и животот.

За детално читање на овој текст, погледнете на 28-29 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Ноември 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>