Фармацевти
Контакт

<< Назад

Здраво освежување

август 1, 2020

|



Без разлика дали го пиете топол за време на зимскиот период, или, пак, ладен за време на овие топли денови, чајот има многу позитивни придобивки за вашето здравје.

Незасладениот леден чај бидејќи има помалку калории може да биде одлична опција за оние кои сакаат да ја намалат својата телесна тежина и внесот на шеќер во текот на денот. Заменувајќи ги газираните пијалаци и засладените овошни сокови со леден чај, можете да ја намалите дневната доза на калории. Разликата помеѓу домашно подготвениот незасладен леден чај и купениот  леден чај е во тоа што во 350 мл засладен леден чај може да има приближно 125 калории, додека домашно приготвениот и незасладениот леден чај има само 2 калории. Секако, овие бројки зависат од сите состојки што ќе ги додадете во вашиот освежителен пијалак.

Без разлика дали станува збор за чај од нане или, пак, од ѓумбир, според последните публикации на Харвард, чајот е богат со антиоксиданти кои се борат со слободните радикали во вашето тело.

Големата количина  течности која е потребно да ја внесуваме особено во летниот период е од огромна важност, бидејќи изложеноста на високи температури и прекумерното потење доведува до губење течности во нашиот организам.  Иако правилната хидратација на телото е важна во текот на целата година, летото е време кога повеќе сме изложени на ризик од дехидрација и топлотен удар. Внесувањето течности како вода, незасладени ледени чаеви и други здрави напитоци е од особена важност за одржување на течниот баланс, кој е главниот фактор за правилното функционирање на нашето тело.

Доколку ви е смачено од пиење  голема количина обична вода, која претставува природен растворувач на сите органски и неоргански материи, хидрирањето на телото можете да го направите и преку незасладените ледени чаеви кои  ќе бидат одличен начин за летно освежување. Со хидрирање на вашето тело ќе можете да ја одржувате нормалната телесна температура, да го регулирате крвниот притисок и со тоа да го одржувате правилното циркулирање на крвта. Овие течности играат голема улога во пренесувањето на хранливите материи до вашето тело. Воедно, течностите ќе ја хидрираат и вашата кожа која ќе биде еластична и отпорна на создавање предвремени брчки.

За детално читање на овој текст, погледнете на 16-17 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АВГУСТ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>